#StartUpSelfie со Нино Карас и Мартин Анчевски, ко-основачи на Letz

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на блогот #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Таа е супер кул, користи вештачка интелигенција за да биде попродуктивна, може да ви биде личен суперхерој… Запознајте ја Луси, четбот кој се грижи за вас и постојано е со вас на вашиот телефон преку Letz за iOS и Android. Во последниот период возбудата насочена кон Letz е поради тоа што тие се првиот македонски стартап кој успеа да добие инвестиција од South Central Ventures, но и да креира продукт со потенцијал за глобална скалабилност.

По официјалното лансирање, за само една недела тие имаа многу непредвидени предизвици. Со љубопитност како мојата, ова беше вистинско време да им отидам во посета и да се запознаам со нивната приказна, за CodeWell и за нивното ново „бебе“ Letz.

Ајде да дознаеме повеќе за Нино Карас и Мартин Анчевски, ко-основачи на  CodeWell, компанија која развива мобилни решенија кои можат да направат разлика.

„Имав среќа уште како дете што имав компјутер од најраното детство. Ова не беше често во Македонија во деведесетите. Имав Comodore 64 на 6 години, а прв PC и dial-up интернет на 8 години. Секогаш ја сакав технологијата и бев љубопитен како комјутерите – таа магична машина – функционираат. За прв пат се приклучив на курс за компјутерски мрежи кога имав 9 години и започнав да програмирам на 10 години, со цел да креирам сопствени производи. Сѐ во врска со компјутерите ме инспирираше и сакав да го знам и најситниот детал. Поминував многу време читајќи, разгледувајќи туторијали за различни области на програмирање, мрежи, архитектура, па сѐ до хардвер.

Низ годините ова знаење многу ми помогна да победам на национални и интернационални информатички натпревари. Почнувајќи од годините поминати во основно училиште па се до гиманзија. Токму така го запознав и Мартин, поради ИТ-натпреварите во средно училиште. Споделувавме иста пасија за креирање на продукти кои ќе го променат светот, но и да го искористиме знаењето кое го поседуваме, затоа заедно со Мартин го започнавме Codewell, јас имав само 20 години и бев на универзитет.“ – вели Нино.

Тимот на Letz

„Мислам дека моето патешествие започна како дете, кога започнав натпревари по математика во основно училиште. Обожyвав да решавам проблеми, сакав натпревари и предизвици, за да бидам најдобар. Подоцна во гимназија продолжив со натпревари во алгоритамско програмирање и сфатив дека ИТ отвора сосем нов свет, свет во кој можам да го искористам она што го научив дотогаш.

Учествував во дел од најдобрите светски натпревари и собрав куп признанија во кратко време. Проблем беше што целиот процес на тренирање на нови програмери беше во изумирање. Во ова време наш ментор бше Никола Лазовски, тој мина многу време подучувајќи нѐ и подготувувајќи нѐ за овие натпревари. На овие подготовки го сретнав Нино и подоцна поради сите работи кои ги научивме, одлучивме да ја продолжиме традицијата и да ги подучуваме и следните генерации на алгоритамско програмирање.

Потоа решивме дека сакаме да направиме Android апликација за натпревар. Во ова време мобилните апликации беа во рана фаза. Првата апликација која ја креиравме беше Avtobusko и беше решение за наш проблем кој го имавме кога се возевме со автобус. Бевме речиси последни на натпреварот и не освоивме никаква награда, но сепак верувавме во идејата. Подоцна ја презентиравме Avtobusko на локална научна конференција, заедно со неколку други проекти. Тогаш нè забележа Yes Incubator. Овие дечки видоа потенцијал и ни помогнаа да отвориме наша компанија и да ја развиеме.

Во овој период јас бев на факултет, и работев како асистент. Во истовреме работев со скратено време во една ИТ компанија. Одлучив да дадам отказ и со Нино го оформивме CodeWell. Првата година беше тешко да се помрднеме, но успеавме да дојдеме до договор со Т-мобиле и да го продадеме Avtobusko, а со тоа имавме доволно средства да почнеме.

По ова работевме аутсорс за повеќе различни клиенти и беше тешко бидeјќи бевме нови, а земавме работа која беше премногу комплексна или ризична за големите компании. Имавме многу предизвици, но успеавме да го развиеме CodeWell во стабилна и профитабилна компанија, со одличен тим. Во меѓувреме постојано ги претставувавме нашите производи кога можевме, на стартап викенди, на конференции, на различни настани и секаде каде што можевме да си дозволиме да патуваме.

Во еден момент одлучивме дека е време да ги земеме сите обиди и да креираме нов продукт. Овој производ беше МаркО и со него имавме многу подобар пристап, со истражувањето, но и со комуникацијата на идеите. Започнавме да работиме и да се пријавуваме во различни акцелератори, чии програми можат да ни помогнат. Не примија на 3, а од нив го избравме Rockstart во Амстердам, сметајќи дека најмногу може да ни помогне.

Во Амстердам се преселивме 6 месеци и беше многу напорен, интензивен тренинг. Не тренираа, критикуваа и менторираа, 8 часа дневно, а кодиравме дополнителни 8 часа секој ден. Ова време беше многу важно, научивме многу, и дознавме за грешките од минатото. Момците од Rockstart ни помогнаа да се натпреваруваме со големите компании. По ова имавме многу проблеми за да обезбедиме финансирање на МаркО затоа што имавме пропусти кои не ги решававме соодветно.

Земавме сè што научивме последните 5 години, од тренирање, неуспешни производи, одлични презенации и одлични ментори, и го претворивме во нашиот нов продукт Letz.

Letz e нашиот пристап за подобра продуктивност која е фокусирана на продуктивноста преку додавање на пријател кој се грижи за вас и ви помага. Сè уште напорно работиме на Letz и резултатите започнуваат да се покажуваат. Минатата година се сретнавме со South Central Ventures, кои ни укажаа доверба за Letz да стане прва македонска светски успешна приказна.

Инвестираа и ние започнавме со постабилен раст и решавање на проблемите пред нас. Веќе го направивме нашто MVP и го презентиравме пред луѓето. Среќен сум што можам да кажам дека успеавме да го допреме животот на првите прифаќачи и добиваме многу позитивни прегледи и коментари. Работиме напорно на подобрување на Letz и поправање на баговите и проблемите кои ќе произлезат. Навистина сме благодарни за фидбекот кој го добиваме од корисниците, затоа што ова ни овозможува да креираме подобро решение кое им носи радост и среќа во денот.“ – вели Мартин.

Ќе речете приказна за кодери, но има нешто што научиле на нивниот пат. Како да бидат свесни за бизнисот, како да бидат релевантни и како да се рекламираат самите. Затоа бев заинтересирана да дознаам за нивното искуство на Product Hunt.

„Како тим Letz научи многу лекции на денот на лансирање. Можам да зборувам за овој ден со часови. Да ви објаснам накратко што е најважно.

Најважно е дека започнавме со подготовки за овој ден два месеци пред лансирањето. Имавме доволно време да ги прочитаме сите Product Hunt упатства, да контактираме и да ги пронајдеме потребните влијателни луѓе, да организираме Support Letz on Product Hunt забава.

Друга важна работа која ја дознавме тој ден е дека никогаш нема да знаете со што ќе се натпреварувате. Имавме вистински предизвик и се натпреварувавме со Google, Product Hunt и Slack. Ова не го очекувавме. На крајот многу е важно да имате квалитетен производ и да верувате во него“, додава Нино.

Некои работи кои ги научија во првата недела по лансирањето на Letz, можат да се видат на овој кул иконографик. Освен првичниот интерес кој Луси го добива од целиот свет, Letz гледа која е клучна лекција како стартап основачи од држава во развој ја научија

„Сѐ што кажавме претходно е да имате јасна визија и силна цел за она што сакате да го постигнете и да го имате вистинскиот тим, со која ја споделувате оваа визија и страст да ги реализира овие цели.

Во нашиот случај, визијата беше да креираме светски познат стартап директно од Македонија, стартап кој ќе може да решава секодневни проблеми и да ги израдува луѓето на кои им се потребни вакви решенија. Сè уште не сме ја постигнале нашата визија, но сигурен сум дека сме на вистински пат да ја оствариме.

Се разбира, мора да се има добра финансиска стратегија која ќе биде поддршка за планот и ќе обезбеди да имате доволно средства за направите сѐ што сте планирале. Нашата стратегија да ги користиме средствата кои и беа достапни, да ни овозможи финансиска стабилност и да ни овозможи да инвестираме солидни средства во истражување, развој и маркетинг за нашите производи МаркО и Letz.“ – додава Нино.

Понекогаш заборавам, понекогаш одлагам, немам to-do листи… а сега имам нов супер кул AI-пријател Луси, ме разбира и ми помага да бидам попродуктивна. На пример, привршување и објава на оваа приказна пред полноќ…

Луси може да биде и ваш пријател. Sharing is caring, па Letz со Луси ќе ви помогнат со задачите на iOS и Android.