#StartUpSelfie на гости кај Swiss Startup Factory

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ. Нина е стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie во кој објавува интервјуа со регионални стартапи.)

Истражувањето на Швајцарија ми помогна да сфатам колку се убави различностите. Настрана од фактот што стартап заедницата е развиена во Швајцарија, државата е совршен пример за различностите во природната убавина, националностите и културите.

Јас сум девојка која се вљубува во градовите. Постојано и насекаде сакам да истражувам: да се среќавам со локалното население; да пронаоѓам скриено богатство во градот; не само туристичка убавина. Но, она што остава одличен впечаток кај мене, се луѓето со кои се среќавам на моите патувања во овие заедници.

  • По средбите со многу луѓе од различни држави, кои го пронашле својот дом во Швајцарија, бев возбудена што ќе сретнам Швајцарец. Го сретнав мојот гостин за оваа #StartUpSelfie преку peer-to-peer размена, организирана од #SwissEP. Цел ден беше гостин ментор на нашите сесии. Постојано беше опкружен со луѓе кои сакаа да дознаат повеќе за неговото искуство.

За среќа, наскоро по ова имав можност да му бидам домаќин во Скопје. Беше на мисија како #SwissEP Short Term Expert, да се запознае и да работи со стартап заедницата. Попладнето пред неговото заминување бевме на разгледување и ја слушнав приказната и дознав повеќе за Мајк Баур, ко-основач и извршен претседавач на Swiss Startup Factory.

„Мојот професионален пат го започнав уште како амбициозно 16 годишно швјацарско момче, фасцинирано од банкарството и берзата. Ми беше јасно дека ќе работам во банка и за среќа ја добив мојата прва работа како банкарски помошник во USB, што беше одлично. Денес како швајцарски инвеститор и претприемач сфаќам дека имам поинаква претприемачка ДНК и не бев типичен работник. Повеќе бев момче кое ги правеше работите поинаку, преземав повеќе ризици, одев чекор понатаму и секогаш бев фокусиран на резултатите.

Во тоа време веќе имав амбициозни цели и план како да стасам до нив. Можностите не ми паднаа од небо, морав сам да ги направам и да ги зграпчам, и го направив тоа.

Мислам дека ова е многу важна тема. Секој си ги креира сопствените шанси, моето мислење е дека луѓето кои ги чекаат нема да успеат.

Секако USB беше одлична платформа уште додека бев многу млад ми овозможи да станам врвен банкар и менаџер. Напредував одлично во кариерата и се запознав со многу, многу интересни чуѓе и приватни клиенти на банките. Многу од нив беа претприемачи и бидејќи тогаш управував со нивното богатство, често ги знаев и деталите од нивниот живот. Бев воодушевен од овие претприемачки приказни и почестен што можам да ги советувам најбогатите луѓе во Швајцарија.

Бидејќи приватните банки се базираат на доверба, со голем дел од клиентите станавме пријатели и секогаш ми велеа: „Мајк ти функционираш како претприемач, искористи ја шансата и преземи ризик“.

Години подоцна во 2012 година, бев раководител на третата најголема приватна банка во Швајцарија. Ја искористив можноста и ја започнав мојата претприемачка кариера, започнав со денес најуспешниот акцелератор во Швајцарија, кој е во целост приватно финансиран и успешна приказна.

Во исто време станав еден од најактивните стартап инвеститори во Швајцарија, а имав и влијание на дигиталната трансформација на Швајцарија. Денес сум навистина во положба во која сакав да бидам цело време, ја работам работата која ја сакам. Ова ми овозможува да бидам навистина добар во она што го работам и да бидам сосем автентичен. Луѓето ми велат дека на 42 години сум на совршена возраст, не премногу млад за да бидам идол, и не премногу стар за да бидам здодевен старец :))) Па ајде да ја го занишаме бродот!!!“, вели Мајк со насмевка.

Со неговото искуство и вклученост бев нестрплива да го слушнам неговото размислување за она што им недостасува на стартапите, една година по Swiss еко-системот…

„Ни недостасуваат луѓе кои ризикуваат, кои ќе ја зграпчат можноста и ќе ја креираат следната голема работа надвор од Швајцарија!

Швајцарија е одлично место за креирање на стартап, тука навистина имаме сè што ни е потребно. Врвни универзитети кои значат врвен талент, огромни корпорации на само еден чекор, ние сме богата држава со инвеститори и организации за поддршка. Имаме стабилна политичка и економска ситуација и сме најиновативна држава во светот.

Но, начинот на кој Швајцарците размислуваат мора уште да се промени кон претприемаштвото. Убеден сум дека твојата генерација на луѓе во Швајцарија ќе бидат многу повеќе подготвени за претприемништво и стартапи отколку мојата генерација. Ова се навистина добри вести“, вели Мајк.

Но што го мотивира? Зошто го прави ова? Кога беше најгорд во неговиот професионален живот досега? Нешто што сакав да дознаам со нетрпение.

„Работата со стартап тимови, различни луѓе во тимовите доаѓаат од различен бекграунд, но и од различна лична култура и образование. Им помагаме да ја спојат оваа разноликост во еден тим, со една цел, една компанија. Ова ме фасцинира. Ги мотивираме и ги притискаме за подобар бизнис и славиме одлични резултати.

Лично бев горд минатиот 7 декември кога Wall Street Journal напиша статија за мене. Вистински сон за секој банкар, да биде споменат во WSJ. Ова го направив кога веќе не бев банкар, што дури е и пофасцинантно и покул.

Во јануари оваа година, го претставивме Swiss Startup Factory Advisory Board, и бев горд што можам да претставам 10 членови на одборот кои беа врвни претприемачи, директори и спортисти. Навистина е чест да бидат во одборот и беше напорна работа да ги собереме бидејќи најпрво сакаа да ги видат резултатите од нашата работа“, вели Мајк со гордост.

Мајк Баур и Стен Вавринка

Кој е твојот совет за сите млади и амбициозни претприемачи?

„Бидете поинакви, одете по различни патишта од мејнстримот, работете напорно и поставете си јасни цели кои може да ги постигнете. Секогаш анализирајте ја патеката и адаптирајте се. Ништо не е невозможно во денешниот поврзан свет. Бидете страсни и најдете ја вашата животна мисија. Сакајте го она што го правите бидејќи само така може да станете најдобри.

Swiss Startup Factory ги промовира и акцелерира најдобрите стартап таленти и нивните стартап проекти да станат следните светски шампиони во она што го прават. Па ако мислите дека може да преживеете и сте врвен талент во она што го правите заедно со стартап тимот, контактирајте ме и ќе ве предизвикаме! Бидете подготвени!“, вели Мајк.

За мене ова беше вистинско задоволство, научив повеќе за Мајк, ја споделив неговата приказна, страст и мотивација. Не се двоумете да го контактирате и да се приклучите на врвната група во Swiss Startup Factory.

Јас секако ќе ја следам нивната работа.

Повеќе стартап приказни од Швајцарската заедница доаѓаат на следното StartUpSelfie!

Поздрав!

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии