#StartupSelfie со Михаела Шебестова од Impact Hub Brno

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Веднаш штом ја запознав стартап сцената во Брно, благодарение на прекрасните дами од JIC StarCube, заминав да откријам уште едно кул место во градот. Огранок на Impact Hub мрежата е сместен во стара индустриска зграда, но штом ќе влезете внатре ќе наидете на супер кул работна атмосфера и ентериер кој инспирира креативност. Имав закажан состанок да научам повеќе за нивните активности, пред нивниот Impact Hub MashUp настан.

Пред луѓето да почнат да се собираат, имав чест да се запознам и зборувам со Михаела Шебестова, девојката која беше домаќин и одговорна за настаните во Impact Hub Brno. Како одличен домаќин, без заинтересирана да им покажам наоколу и да го откријам фантастичниот Impact Hub. Имаше неформална атмосфера, имаше чувство на стартап сцена со едно слатко куче кое се шеташе наоколу, дојде до мене, и со неговите убави очи сакаше да се игра… Но, да научиме повеќе за приказната на Михаела и што се случува во Impact Hub Brno.

„Impact Hub во Брно е третиот Hub кој е отворен во Чешка. Другите два се во Прага и во Острава, и сите чешки хабови имаат исти ко-основачи. Јас му се приклучив на локалниот тим во Брно пред скоро две години кога се вратив во Чешка од мојата пракса во Лондон. Без изненадена од мисијата и културата во Impact Hub, и се обидував да најдам начин како да му се приклучам на тимот. На почетокот бевме само тројца кои се подготвувавме за отворање на просторот, а сега сме тим од 11 луѓе и продолжуваме да растеме.

Обезбедуваме работно место за фриленсерите и тимовите од различни индустрии. Мислам дека разновидноста е што ја прави заедницата да биде поинтересна. Верувам дека секој од нашите членови си има своја вредност и има многу луѓе што сакаат да работат напорно. Ја поддржуваме заедницата преку различни настани за споделување знаење, вмрежување и едукација. Исто имаме два настани како Impact Hub IT и Impact Hub UX каде работиме на заеднички проекти. Ние сме дел од глобалната мрежа, и така може да им помогнеме за соработката и да растат надвор од границите. Мислам дека ова е одлична средина да се расте. Исто така обезбедуваме акцелерација преку 4 програми, Social Impact Award, 100 Days Challenge, Laboratoř Nadace Vodafone и Impact First“, вели Михаела.

Бидејќи Impact Hub се наоѓа низ целиот свет и е фокусиран на социјалното претприемништво, сакав да откријам повеќе за интересот на луѓето во Брно околу оваа тема.

„Нашиот фокус е на социјални бизнис проекти. Креирање на општествено влијание преку претприемништво е навистина моќен аспект за иднината на нашето општество и затоа ги инспирираме луѓето да размислуваат во таа насока. Преку акцелераторската програма имавме бројни тимови кои работат на решавање социјални проблеми со соодветни решенија. Секој е поканет да дојде во нашиот простор и да го тестира бесплатно, бидејќи нема ништо подобро од лично искуство. Планираме да го редекорираме приземјето, да го прошириме просторот и да ја израснеме акцелераторската програма во следниов период, бидејќи сакаме да имаме повеќе луѓе. Во Брно друг клучен фактор е South Moravian Innovation Centre (JIC) кој работи одлична работа во поддршка на повеќе ИТ стартапи и компании. Има можности, само треба да ја следите својата пасија и да работите напорно за да го изградите својот стартап“, вели Михаела.

Каде и да сте, ве поканувам да го посетите вашиот локален Impact Hub. Таму ќе најдете инспирација и мотивација, ова го знам од лично искуство бидејќи низ моите патувања секогаш наоѓав време да го посетам Impact Hub. Ми беше задоволство да разговарам со оваа инспиративна дама, и сигурна сум дека ќе ве пречека во Брно и ќе ве инспирира да започнете со социјалното претприемништво.

Ако ме мене прашувате социјалното претприемништво треба да го има во секој бизнис. Ако вашата пасија и желба е да решавате општествени проблеми, тогаш приклучете се на глобалната мрежа на Impact Hub и започнете да креирате. Започнете сега!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии