#StartupSelfie со Андреус Зиуратис, основачот на откачените Mash Machines

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Пак сме назад во чудесниот зимски Талин. Знам дека доцнам со овие приказни што доаѓаат од тамошната стартап заедница (пред сѐ поради моите секојдневни обврски), но во следниве денови ќе се обидам да ви ги пренесам сите. Се сретнав со еден куп фантастични луѓе кога го посетив главниот град на Естонија, и по мојот прв состанок со Мирјам од Startup Estonia, следното место што го посетив беше Garage48 Hub каде се сретнав со нивниот менаџер. Но, во овој случај, веднаш штом влегов низ вратата го сретнав овој дечко што импровизираше диџејски сет, па бев љубопитна и го прашав како Mash Machines работи.

Запознајте се со Андриус Зиуратис, ко-основач на The Mo’Joes OU, чии канцеларии се во срцето на Garage48 Hub во кој ги покажуваше своите диџејски вештини, и ми одговори на неколку прашања за неговата приказна.

„Го направивме Mash Machines со цел да креираме едноставна алатка за луѓе да се социјализираат и да се забавуваат на настани и журки. Им даваме шанса на секој да си игра со музиката, како да е диџеј или продуцент, што мислиме дека е добра идеја. Секако дека не е лесно да се стартува бизнис, посебно ако вклучува продукција на хардвер заедно со софтвер. Најголемиот предизвик ни беше да направиме прототип на продукт со мал тим кој нема многу финансии. Garage48 се покажа како одлично место да стартуваме проект: тука има многу стартап настани и се раѓаат многу стартапи, така што природната циркулација на луѓе, го прави многу лесно место да се запознаат луѓе кои имаат заеднички интерес. За нас е одлично место да го покажеме нашиот продукт и на настаните што се одржуваат тука. Тоа што сме вклучени во стартап заедницата беше природна последица на тоа што живееме во Естонија. Талин има навистина активен и шарен стартап екосистем, и имавме некои лични контакти пред да ја отвориме компанијата. Партиципацијата во настаните во Талин ни помогна да ја рашириме нашата мрежа уште повеќе“, вели Андриус.

Иако состанокот со него и неговиот тим не ми беше планиран, и немав многу претходно планирани прашања, сепак имавме за што да разговараме, па го прашав дали научил како да го промовира Mash Machines, која е нивната маркетинг стратегија како и плановите во иднина.

„Бидејќи имаме физички продукт, покажувањето на продуктот е најдобра промоција: патуваме и го претставуваме демото на продуктот на различни настани од индустријата, каде е лесно да дојдеме до контакт со тие што донесуваат одлуки или имаат влијание. На почеток ја користевме нашата мрежа за почетната дистрибуција и првите продажби. Во втората фаза, откако собравме доволно материјал од вистинските настани, започнавме да се промовираме онлајн преку високо-таргетирани реклами. Лично, уживав во неодамнешен проект во Индонезија – минатиот декември избегав од снежливата Естонија и ја свирев Mash Machines во Џакарта на DWP музичкиот фестивал. Двете ноќи имавме одлично време, фантастична публика и многу насмевки. Исто така имавме подолго време да свириме музика отколку што им дадоа на диџеите на сцена! Во иднината планираме да му додадеме нови функционалности на уредот, гејмплеј и содржина, но и да го дистрибуираме глобално“, вели тој.

Беше вистинско задоволство да се разговара со Андриус, но исто така ми беше забавно да импровизирам музика на Mach Mashines. Морате да го пробате уредот, бидејќи ќе бидете импресионирани од сите негови функционалности. Пред да отидам на состанок со Сузана, менаџерката на Hub-oт, со која ми е наредното #StartupSelfie; го прашав Андриус дали би сакал да сподели некој совет за некој што е заинтересиран да стартува свој бизнис.

„Ако верувате во идејата, зборувајте со другите и обидете се да составите тим – освојувањето на светот е невозможно, но во разговор со другите ќе си го проширите своето разбирање и може да ми помогне да го направите бизнисот подобар. Секако, повеќето од стартапите пропаѓаат, но тоа не е крај на светот – тоа е лекција која ве учи да бидете подобар следниот пат“, вели Андриус.

1 коментар на “#StartupSelfie со Андреус Зиуратис, основачот на откачените Mash Machines

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии