#StartupSelfie со Mартина Пучла и Хана Шудакова од чешкиот JIC

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


До сега главно ја разгледував стартап заедницата во главните градови низ Европа. Бидејќи таму се случуваат „нештата“ и вообичаено другите градови не се толку активни. Но, бев навистина возбудена за мојата следна авантура, во земја во која не сум била досега. Дестинацијата е Чешката република, градот Брно. Убав студентски град со многу можности. Додека истражував од каде да почнам, се решив да поминам веднаш каде што се случува магијата – во технолошкиот парк.

Некаде надвор од градот, бев поканета да го посетам седиштето на JIC (South moravian Innovation Centre) каде бев топло пречекана од две дами Мартина Пучла, ПР специјалист во JIC, и Хана Шудакова, менаџерка на JIC StarCube. Љубопитна да научам нешто повеќе за нивната програма и нивната приказна, седнавме на разговор во пријатното фоаје.

JIC им помага на иновативните бизниси во регионот веќе 13 години и акцелераторската програма е само една од четирите програми, и има многу активности кои им помагаат на претприемачите и компаниите да раснат. Јас се приклучив „на забавата“ во 2012 година по кариера во маркетинг и медиуми (што се две креативни операции). Не знаев многу за стартапите тогаш. Целата галама околу стартапите започна доцна во Чешка – можеби во 2011/2012-та, така што во 2012-та беше нешто свежо и интересно за младите луѓе кои размислуваат на претприемаштвото како на можност за кариера, и беше огромен чекор напред. Стартап настаните станаа голем дел од трендот и првите успешни приказни започнаа да го привлекуваат вниманието на медиумите.

Јас започнав да работам со тимот кој ги води акцелераторските програми во JIC. Првин ги водев дневните обврски, а подоцна ги водев двата главни настани – bootcamp на почетокот на програмата, и финалниот демо ден на StarCube Show. Минатата година започнавме од почеток нова програма за стартапите во најраната фаза (еден вид пред-акцелераторска) програма наречена JIC Enter. За време на годината работевме интензивно со 20-тина стартапи на кои им помогнавме да преминат од проблем во фазата на решение и да стигнат до првите корисници кои сакаат да им платат.

На почетокот на 2016-та се вратив во JIC StarCube. Има многу причини зошто ја прифатив понудата да бидам менаџер на програмата – една од тие е предизвикот и шансата да излезам од мојата зона на комфорт, а другата е што имам емоционална конекција со целата програма, алумните и менторите кои сакам да ги видам да раснат и понатаму“, вели Хана.

За Мартина, приказната е целосно различна. Нејзиниот маж е претприемач и тој и пренесе инспирација да води брз претпремнички живот.

„Имам маж што е претприемач. Има таканречена „слободна компанија“ која се фокусира на човечко-центриран и игрив дизајн. Неговата одлука да го остави корпоративниот живот по 12 години, каде имаше добра плата, и да започне да работи како претприемач започнувајќи од ништо беше навистина тешка да се донесе. Не е лесно да се води компанија, да се имаат обврски за многу луѓе што работат за него и да се бориш со сите бирократски препреки. Го гледам сето тоа од секојдневна лична перспектива. Благодарение на дивите 90-ти години во нашата република да бидеш претприемач значеше да бидеш злото за многу луѓе. Но тоа не е фер! Посебно за тие што додаваат нови вредности и работат со многу луѓе кои поминуваат непреспиени ноќи и работат повеќе од 100 часа неделно. Да се биде дел од South Moravian Innovation Centre исто така значи да ги убедиш луѓето дека претприемништвото е навистина одличен начин да работи, дека заслужува признание. Секако, не е за сите нас. Но дефинитивно е нешто што треба да се размисли.

Секој пат кога ќе сретнам некој претприемач што одлучил да креира свои иновативни вредности, охрабрен од советите на моите колеги и менторството кое го довело до можност да работи со јасна визија, ме прави да бидам горда. Нашиот регио е преполн со паметни луѓе и тие треба да добијат шанса да се докажат пред светот!“, вели Мартина.

Ме интересираше што се промени низ годините, и каква е ситуацијата со интернационалните студенти во нивната акцелераторска програма?

„JIC StarCube е најстариот акцелератор во Чешка, и еден од првите во Централно-источна Европа. Работевме со над 72 стартапи. Програмата изгледаше многу поразлично во првите две години – беше подолга и тимовите и проектите се креираа за време на програмата. Го отворивме JIC StarCube за интернационалните тимови во 2013-та година. На почетокот ги прифаќавме сите стартапи кои работеа со некоја иновативна технологија. Потоа се фокусиравме во 2014-та на „хардверските“ стартапи, а во 2015-та се посветивме на решенијата за Интернет на нештата (IoT), и оваа година се внесовме повеќе во таа индустрија. Одбравме 4 технологии и 5 фокуси за апликации. IOT и безбедноста останува најспефицични.

Бараме тимови кои работат со Big Data Analytics, безбедност во IoT, сензори и проширена/виртуелна реалност и кои можат да ги аплицираат овие технологии во индустријата 4.0, продажбите, паметните градови/домови/канцеларии и за побезбедно семејство. Звучи како многу, но очекуваме дека повеќето стартапи ќе се најдат барем во една од тие области. Овој пат не правиме валидација, туку ќе прифатиме тимови кои имаат технолошко знаење, но кои не се сигурни кој пазар да го разгледуваат, или каков продукт да направат.

Можам да кажам дека сум горда кога претприемач со кој што работев во последниве месеци или недели ќе дојде и ќе ми каже „Еј, го добивме првиот муштерија, имаме инвестиција, или завршивме со бета верзијата и ќе стартуваме пилот“. Секогаш кога ќе се постигне цел со некој проект на кој што сум им помогнала, се чувствувам среќна и задоволна, со желба за повеќе. И секако се радувам кога некој алумни како Skypicker, сега Kiwi.com – една од најбрзо растечките компании не само во Чешка, туку во Европа – ќе има вистински успех во бизнисот и ќе му врати на еко-системот со инвестирање во помалите компании, со менторство или со споделување на знаење“, додава Хана.

Што е подобро од тоа да добиеш информации за локалната стартап сцена, од тоа да добиеш детали од луѓето кои се секој ден вклучени во нејзиното градење. Ајде да научиме повеќе за стартап сцената во Брно:

„Mоравската метропола ја има предноста со присуството на JIC што беше првиот, и најдобрата, инкубациска програма за младите претприемачи во Чешка. Потенцијалот е награден многу пати – во 2014-та година, нашата програма за стартапи доби прво место на Young Entrepreneurship Competition на European Business Network во Шпанија, и JIC StarCube програмата беше излистана во European Accelerator Report 2014 меѓу Top 20-те најактивни акцелератори во Европа. Но, има уште многу да се постигне. Со поддршката на основачите (општината и претставниците на Јужно-моравскиот регион), треба да се постави соодветна регионална стратегија за иновации и да се посветиме во имплементацијата на иновативните проекти, да продолжиме да креираме соодветна средина за економија базирана на знаење и за развој на бизнис еко-системот. JIC е некомерцијална организација која нуди услуги од раните фази на стартапите до изградени компании. Затоа во било која фаза, постои можност компанијата да најде партнер со кој ќе порасне“, вели Мартина.

„Јас бев воодушевена од желбата да се креираат стартапи во 2012/2013-та година, одев на куп настани, конференции и собири, но подоцна, заедно со многу претприемачи тука, открив дека креирањето стартап не значи одење на сите можни настани, туку дека треба да се работи напорно. Станав алергична на тие „тренди стартапи“ и повеќе почитувам кога претприемачи градат издржлив и вистински бизнис. Исто така, се согласувам со теоријата на Ананд Санвал (од CB Insights) дека времето на еднорозите заврши (повеќето беа маскирани магариња) и дека ќе видиме раст на таканаречени rabbits (Real Actual Business Building Interesting Tech). Тоа се луѓето и стартапи на кои сакам да им помогнам.

Брно е релативно мал, па ајде да зборуваме за еко-системот во Чешка. Има неколку клучни актери за искуство и историја – покрај JIC, тука се StartupYard во Прага, Impact Hub мрежата (ги има 3 во Чешка), некои чешки универзитети кои поддржуваат бизниси стартувани од студенти, има невладини организации и фондации кои работат со иновативно социјално претприемништво, и има неколку VC фондови и инвеститори. Се знаеме меѓу себе и знаеме за себе, бидејќи игралиштето е премало за да се расправаме, најдобро е да соработуваме на еден или друг начин. Сѐ повеќе играчи се вклучуваат секоја година (главно акцелератори), но пазарот станува преоптоварен и тие не опстануваат доволно долго. Во моментов фокусот е на соработка со централна Европа – Брно е блиску до Виена и Братислава“, додава Хана.

Ми беше вистинско задоволство да научам повеќе и да го разберам Брно како стартап еко-систем, благодарени на овие две фантастични девојки. Пред да одам на мојот следен состанок, ги прашав да споделат совет за стартап ентузијастите.

„Ако мислите дека вашиот стартап може да добие од соработка со добри партнери кои ги имаме, или ако сакате да влезете во источно/заподно европскиот пазар (Брно е добар и за двете насоки), и ако вашиот продукт се вклучува во претходно спомнатите технологии, тогаш аплицирајте. Брно е навистина одлично место да се живее и да се развива бизнис. Сместен е во срцето на централна Европа – блиску до Братислава, Виена, Будимпешта, Краков и секако Прага. Има над 100.000 универзитетски студенти кои му даваат енергија на градот, како и добар дел на глобални компании кои вклучуваат најразлични националности“, вели Хана.

1 коментар на “#StartupSelfie со Mартина Пучла и Хана Шудакова од чешкиот JIC

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии