(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Се чини дека има бум во социјално претприемништво во 2016. Споредено од пред една-две години, никој во мојот круг на пријатели и познаници немаше поим за што е социјален бизнис, но во 2016-та Forbes веќе објави листа на најдобри 30 под 30 социјални претприемачи. Ако сте заинтересирани да стартуваат бизнис што ќе решава општествени проблеми, тогаш ова е вистинското време за вас!

Што е социјален претприемач? Зошто е тој различен од „обичниот“ претприемач? Каде може да се развие таква идеа? И дали може стартап да биде социјално претпријатие? За почеток, сите овие одговори може да ги најдете на Google, во тоа сум сигурна. :)

Во империјалната убавина на Виена постои HUB кој им помага на луѓето да направат разлика, посебно општествена разлика. По мојот состанок со Натали од #MakesYouPioneer, се упатив кон Mariahilfer Straße до Impact Hub Vienna за да се сретнам со нивната програмска директорка, Кристине Шпернбаер. Impact Hub е глобална мрежа од околу 11.000 членови од 5 континенти, со заеднички фокус да направат вистински општествени промени. Членовите добиваат менторство, ресурси и можности од над 70 Impact Hub-ови ширум светот. Во Виена имаат 1.200 метри квадратни простор за собирање и настани, бизнис инкубатор, заедница која сака да направи разлика и мото дека „Импакт не може да се направи во изолација – да започнеме!“.

Кристине и јас се запознавме преку заедничка пријателка (фала Љупка) ,и откако ми покажа наоколу на нивните фaнтастични простории, земавме по едно кафе и започнавме со разговорот како Кристине се вклучи на Impact Hub Vienna и за нејзината љубов во социјално претприемништво.

„Кога ќе се потсетам, работите се вклопија одлично за мене. Кога се вратив од Кина, знаев дека сакам да работам во интернационална организација. Во 2009-та година бев дел од StartEurope тимот (сега Pioneers). Работевме заедно да поттикнеме стартап еко-систем преку летни школи и преку startuplive настани. Во меѓувреме дознав за Social Impact Award кои побараа помош од мене, и преку нив го запознав Impact Hub тимот. За мене, се ова беше ново и бевме мала група на ентузијасти, уште во септември 2010-та кога ја градевме целата структура. На почеток бев ангажирана како домаќин на Impact Hub Vienna каде учев за социјалното претприемништво и влијанието кое го има. Потоа започнав да работам со Ashoka во Виена и се на се, се беше некако поврзано до социјално претприемништво. Навистина сум горда што започнав да работам со луѓе кои имаат различни идеи, но една цел – да влијаат врз општеството. Пред пет години, ништо не се случуваше со социјалното претприемништво. Сега, луѓето доаѓаат кај нас, и сакаат да му се приклучуваат на хабот и да направат нешто. Вратите им се отворени на сите кои веруваат дека можат да направат разлика и во Impact Hub Vienna имаме вистинска околина за да го направат тоа“, вели Кристине.

Низ годините, Impact Hub Vienna тимот изгради одлична мрежа на млади претприемачи, ментори, инвеститори… Има неколку програми што ги имплементираат како Accelerate програмата, GreenStart, Investment Ready Program, Re:Wien, Social Impact Award, Social Impact Start, Start:E и од последниот мај започнаа со Scaling програмата. Без заинтересирана да научам за таа програма и за нивната улога во целиот процес.

„Имав различни улоги низ годините, но вообичаено работам со ‘white label programs’. Со тимот често разменуваме идеи и кога ја имаме структурата на програмата, одиме и ја претставуваме пред нашите партнери. На пример, Investment Ready програмата беше развиена во Impact Hub-от со сестринска организација, со која во 2013-та се споивме. Со нашата последна програма имавме осум Impact Hub-ови низ Европа кои работеа заедно да стартуваат Scaling програма за социјално претприемништво. Цела една година, на над 100 иноватори им беше понудено знаење, вештини и совети од најдобрите ментори. Имавме тимови кои веќе беа примени во оваа програма, на кои можевме да им понудиме одговори на прашањата како: Што е потребно за да се отпатува во друг град? Имам приходи од мојот град, но дали можам да го имплементирам тој модел во други градови? и многу повеќе… Impact Hub Scaling е програма дизајнирана за општествени компании кои сакаат да пораснат локално и интернационално. Ако имате општествен бизнис и сакате да го раширите низ Европа, тогаш дефинитивно треба да аплицирате на нашата програма“, вели таа.

На кратко, нема изговори веќе! За секој што си ги чува идеите, знајте дека тие нема да се реализираат сами од себе. Сега имате одлична основа да започнете свој (социјален) стартап и луѓе и програми кои можат да ве поддржат во вашата авантура.

„Impact Hub е место каде луѓе можат да се поврзат во вистински димензии. Вие сте во средина што поддржува соработка и може да се поврзете со луѓе кои се заинтересирани за истата тема. Тоа е предизвик, но што ќе изгубите? Останете љубопитни, имајте отворен ум и работете тоа што ви кажува вашата интуиција!“, вели Кристине.

Социјалните претприемачи и секој кој е заинтересиран да решава општествени проблеми, може да отвори многу можности и за среќа на нас, имаме Impact Hub кој ќе ја поддржи вашата визија. Фала ти Кристине што ја сподели твојата приказната и за твојата работа во Impact Hub Vienna. Продолжи со добрата работа и ви посакувам успех во имплементација на програмите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии