(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Минатата година прв пат слушнав за Social Impact Award. За прв пат, Македонија беше дел од 10-те земји што го организираат натпреварувањето за студенти и јас без задолжена да ја зголемам свеста за социјалното претприемништво, бидејќи веќе бев ангажирана за промоција во SIA Macedonia 2015.

Социјалното претприемништво е нешто за што сум навистина возбудена, и беше вистинско задоволство да го запознам директорот на Social Impact Award, младиот социјален претприемач Јакоб Детеринг. Прв пат се запознавме во Скопје пред неколку месеци на SIA настан и тогаш се договоривме дека ќе пиеме кафе кога ќе дојдам на краток престој во Виена. Се сретнавме во неговата канцеларија во Impact Hub Vienna.

„Веднаш штом завршив со училиштето, сакав да ја напуштам мојата држава и да се приклучам на некој социјален проект, пред да се запишам на Универзитетот. Така завршив во Букурешт, Романија работејќи со деца-бездомници (12 до 25 години). Тоа беа моите први чекори кон социјалното претприемништво. Имав 19 години тогаш. По проектот, се вратив во Виена на студии, но постојано размислував како да ги решам социјалните проблеми во Романија. За време на моите студии, пребарував повеќе практични решенија и во пролетта во 2010-та, за прв пат чув за Social Impact Award. Имаше само една недела пред да помине рокот за аплицирате и го прекинав секој курс само за да можам да се фокусирам на апликацијата.

Првичната идеја беше мобилни продавници кои ќе собираат храна за луѓето што живеат во селата. Тоа беше само идеја, но во тоа време не бев подготвен да ја имплементирам. Се случи таа година да победам на SIA и да се запознам со Катерина од Katharina Turnauer Privatstiftung што се поклопи совршено. Започнав да работам за нејзината фондација, за време на моите студии и во меѓувреме го имплементиравме тоа што сега е познато како SOMARO, супермаркети низ Романија што нудат решение за луѓе што живеат на границата на сиромаштијата, да купат продукти по супер ниски цени“, вели Јакоб.

Јакоб е Германец, кој живее во Виена, и има социјален бизнис во Романија. Бев заинтересирана зошто токму Романија и како SOMARO продавниците функционираат денес.

„За време на мојот едногодишен престој во Романија сфатив дека Романија има најголема разлика помеѓу платите и цената од цела Европа. Кога го развивавме продуктот за продавниците научив дека продавачите фрлаат многу храна секој месец. Храна што може да се продаде по 80% помала цена. Вака им се приближивме на сите за да соработуваме. Сега, луѓето кои купуваат од нашите продавници ќе можат да заштедат пари на едукација, здравство итн…

Исто така, соработувавме со локалните невладини организации и властите за да знаеме кој доаѓа во продавницата. Имаме развиено функционален процес и ниту еден корисник се нема пожалено за продуктот, ниту имаше кражби во последните шест години. Приходите се на нула, имаме солидна база на корисници, стабилен процес на дистрибуција, одличен тим и беше време да ја оставам мојата улога на луѓето од романскиот тим“.

Како се случи да премине од натпреварувач во директор на Social Impact Award? И што може Јакоб да им препорача на студентите кои имаат идеи за решавање на социјалните проблеми?

„Oд почеток на проектот, се заљубив во програмата и мисијата зад SIA. Се чувствувам како да правам нешто што има вистинска цел, и откако бев активен како говорник, волонтер, поддржувач добив понуда да работав во организацијата како директор на Social Impact Award. Секако, ја прифатив понудата и сум горд што можам да кажам дека во последниве две години 60% од нашите проекти се уште се активни, а другите 40% се уште се во секторот и заедно работиме да обезбедиме социјално претприемништво во различни заедници.

Кога ќе ја погледнам ситуацијата и што се случува во светот, сфаќам дека не треба да очекуваме од политичарите да предложат социјални решенија… наместо тоа, треба младите, нашата генерација да биде движечката сила и да дојде со нови идеи и пристапи за социјални проблеми со кои се соочуваме. Повеќе пати, тажните работи можат да те преовладеат, бидејќи ситуацијата и луѓето кои ги среќаваш водат суров живот, но треба да се фокусираш на конечната цел и на помошта што ја нудиш. За сите студенти, препораката би била за време на летните одмори да го искористат своето слободно време да мислам на некои проблеми од нивната заедница што треба да се поправат. Тогаш обидете се да најдете начини како да ги решите, обидете се барем за една недела. Тоа ќе ви го направи одморот позабавен, во тоа сум сигурен. Тестирајте го, видете дали социјалното претприемништво ви одговара. И не се двоумите за да аплицирате на Social Impact Award“, вели Јакоб.

Беше навистина задоволство да се разговара со Јакоб и да се научи повеќе за неговата авантура. За сите што се заинтересирани за решавање на социјални проблеми, проверете ги Social Impact Awards, за инспирација, мотивација и можеби да најдете потенцијален партнер што ќе ви помогне во мисијата да направите подобро утре, во вашето соседство, вашиот град, земја или светот!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии