#StartUpSelfie го открива #ACCELERATE2030 на Impact Hub Geneva

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на блогот #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)

Истражување на Швајцарија започнува од Женева. Како дел од Swiss Entrepreneurship Program (#SwissEP), се радував на можноста за откривање на Швајцарија и откривање на динамичната стартап заедница.

По одличната вечера и Mash-up настанот во Impact Hub Geneva во мојата прва вечер во градот, знаев дека мора да се вратам на ова место кое инспирира.

Сонцето ме разбуди. Прекрасно петочно утро. Бев подготвена за првата средба овој ден. Имав можност да се сретнам со ко-основачот на Impact Hub Geneva и движечката сила зад Accelarate 2030 програмата Александра „Santu“ Боетиус.

Потекнува од Финска, но Санту ја одбра Швајцарија, каде заедно со 3 неверојатни колеги, го основаше Impact Hub Geneva – лабораторија за иновација, бизнис инкубатор, coworking простор и „лонец“ за одржливо претприемништво и иновации. Едвај чекав да дознаам зошто се пресели во Швајцарија, и повеќе за нејзиното патешествие.

„Кога имав 16 години одлучив дека сакам поинакво искуство. Поминав една година во Швајцарија, каде живеев со локална фамилја на фарма, и одев во гимназија. Оваа година бев повикана да презентирам во Обединетите нации. Ова искуство ми отвори потполно нов свет. Научив за светот на развојот и одржливоста.

Дома, најголем дел од луѓето кои ги познавав, по гимназијата се запишаа на бизнис училиште. Ова беше пред одржливиот дел во биографијата. Но, поради моето искуство од Швајцарија одлучив да студирам меѓународни односи и човекови права. Оттогаш се обидувам да ги спојам двата света; бизнисот и позитивно влијание на околината и социјално влијание. Тогаш конечно го пронајдов Impact Hub…“, се присетува Санту.

Седејќи во најудобниот агол на Impact Hub Geneva, кој е лоциран во центарот на градот, блиску до железничката станица и (поважно) блиску  до езерото, можев да ја слушнам нејзината приказна за Impact Hub:

„Impact Hub е глобална мрежа на простори за соработка и претприемачки заедници од целиот свет; од Сан Франциско до Манила. Одлучени сме да креираме просперитетен иновациски екосистем каде луѓето од различни организации, култури и генерации ќе соработуваат. За решавање на најголемите проблеми во светот денес, потребна е соработка.

По две години поставување во Женева започнавме да имплементираме неколку програми за поддршка на стартапи и организации. Се фокусираме на цели за оддржлив развој и ги користиме како рамка за нашите локални и глобални активности.

Што го издвојува Impact Hub во Женева? Мислам дека Женева е свет во мало – имаме Обединети нации и Светски економски форум, седишта на големи компании, локална популација, но и иселеници, големи банки и финансиски институции. Ги користиме овие ресурси да ја поддржиме иновацијата и претприемачите, да им помогнеме да ги развијат своите идеи во напредни компании.

Секој е добредојден да го посети Impact Hub Geneva и да се увери во разноликоста на луѓето, мрежата, соработката, запознајте се со проектите на кои работиме и ако сте заинтересирани и инспирирани, приклучете се“, вели Санту.

Еден од најамбициозните програми на IH Geneva е Accelerate 2030 – програма за акцелерација на стартапи од држави во развој и транзиција, придонесувајќи за напредок на одржлив развој:

„Сакавме да ги искористиме уникатните ресурси кои ги имаат Женева и Швајцарија, не само локално, туку и глобално. Оттука дојде идејата за Accelerate2030. Accelerate2030 е соработка со останатите Impact хабови, како и со UNDP, ITC, и останатите меѓународни организации и компании.

Заедно може да ги пронајдеме и да ги поддржиме најдобрите можности за инвестирање, со докажан бизнис модел кои се подготвени да скалираат и да имаат глобално влијание. Стартапите кои сакаме да ги видиме во програмта креираат вредности кои им помагаат на нивните заедници и придонесуваат за развој на SDG.

Последната година, 5 меѓународни финалисти од Колумбија, Ерменија, Мали и Гана имаа можност да ги акцелерираат своите компании преку прилагоден програм за поддршка, менторство и тренинг. Дојдоа и во Женева, каде учествуваа во камп и на Social Good Summit Geneva – ексклузивен настан зад затворени врати, со кој се приближуваат инвеститорите, коорпорациите и меѓународните организации.

Accelerate2030 обезбедува пристап до мрежа за поддршка и експертиза. Од Женева имаме врска со целиот свет, што помага за развој на бизнисите“, додава Санту.

Пред да завршиме со разговорот сакав да ја прашам Санту за искуството за соработка со млади претприемачи и започнување на бизнис без искуство:

„Промените се случуваат во тимови; не доаѓаат од поединци. Секој доаѓа со своите јаки страни. Пронајдете ја својата пасија, работете напорно и секогаш трудете се да бидете најдобри во она што го правите. Одете и пронајдете го вашиот локален Impact Hub или некоја слична мрежа каде ќе имате поддршка од луѓе со кои слично размислувате, кои ќе ви помогнат да го изградите вашиот бизнис“, вели Санто.

Разговорот и средбата со Санто беа вистинско задоволство. Импресионирана од нивната работа и од целата атмосфера на Impact Hub Geneva, морам да кажам дека Женева е место кое мора да го посетите.

Исто, разгледајте ги неверојатните програми и настани на Impact Hub низ целиот свет и видете како може да да се приклучите на #Accelerate2030.

Јас без сомневање ќе ја следам нивната работа и глобалното скалирање на одбраните стартапи. Се надевам дека ќе ги споделам и нивните приказни на #StartUpSelfie

До тогаш…

Поздрав

1 коментар на “#StartUpSelfie го открива #ACCELERATE2030 на Impact Hub Geneva

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии