#StartupSelfie со Еркенс Ѓини од албанскиот акцелератор Oficina

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Станувам супер возбудена кога сум на мисија да откријам нова стартап заедница. Посебно кога се работи за балканскиот регион. Има нешто специјално во регионот што секогаш ме изненадува и што ми го прави патувањето авантура. Иако сум родена и израснав во оваа средина, често патувам и откривам други делови од Европа, и сега е време да научам нешто повеќе за стартап заедницата во Албанија.

Преку SECO Entrepreneurship Programme, поддржана од Власта на Швајцарија, имплементирана од Swisscontact, заедно со Ј.Е. Аустин, имав шанса да ја посетам и истражам Тирана, главниот град на Албанија, за прв пат. Не знаев што да очекувам од стартап заедницата, и затоа им го оставив планирањето на мојот драг колега Вескен од Startup Fauna, кој е активен член на заедницата.

Да почнеме од почеток, се упативме да ја провериме ново-отворениот co-working простор и акцелератор Oficina што нуди 730 метри квадратни креативен простор и динамична работна атмосфера во срцето на Тирана. Од тука имав шанса да се сретнам со менаџерот за бизнис развој – Еркенс Ѓини. Бидејќи се работи за сосема нов акцелератор, стартуван пред два месеци, бев заинтересирана да го прашам што ќе понудат на пазарот и како Еркенс се вклучил во приказната. Тој објасни:

„Во 1999 година ја напуштив Албанија и мигрирав во Канада. Можеш да кажеш дека се навлеков на dot.com бумот и се што се случуваше во тој период беше ново за мене и беше предизвик. Со неколку пријатели сакавме да прекинеме со факултетот и да ги следиме новите идеи, да развиеме вистински бизнис. Позајмивме пари од фамилијата и пријателите, купивме сервери што ни требаат, ги поставивме во подрумот, но тогаш високата сметка за струја ни го уби ентузијазмот. Никој од нас немаше сигурни приходи тогаш. Па, иако се обидовме, можам да кажам дека неуспехот беше успешен, стартап бубачката ни остана во нашиот систем. Бев приморан да се вратам на школувањето, и продолжив со курсеви за претприемничко менаџирање, што значеше дека во секое време бев околу луѓе што размислуваат исто како мене и споделуваат идеи. Во целиот процес, научив многу и во меѓувреме го развивам мојот бизнис план и бизнис модели како фриленсер. Понекогаш знаев дека ќе дојде време кога ќе се вратам во Тирана, и тогаш дефинитивно ќе сакам да работам во оваа поле да им помогнам на стартап заедницата да се развие.

Иако имав безбедна работа, видов отворена позиција во овој проект што е инициран и поддржан од Фондацијата Отворено општество на Албанија и Harry T. Fultz Institute, што ме заинтересира да се вклучам. За среќа бев избран и заедно со мојот партнер Енди Ѓокутај, започнавме од почеток и креиравме нов бизнис модел за Oficina, што ќе функционира на пазарот.

Oficina е стратешка иницијатива фокусирана да ја поддржи Албанската транзиција за економија базирана на знаење. Мисијата е да се инвестира, инкубира и да се помогне на ИТ индустријата во Албанија. Стартувавме на почеток на мај со отворен повик за стартапите. Во меѓувреме работиме да собереме што е можно повеќе ментори од PWC за легални совети до интернационални ментори за различни улоги преку SECO Entrepreneurship Programme. Работиме напорно да се осигуриме дека по летото ќе понудиме високо квалитетна програма за селектираните стартапи“, вели Еркенс.

Тешко е да се изгради нешто од почеток, во твојот град, во кој не си живеел со години. Но, што би дал како совет за некој што е заинтересиран за соработка или приклучување на акцелераторската програма?

„Од тоа што се сеќавам на Тирана, градот се смени многу и тоа на позитивен начин. Израсна во динамичен град со многу можности, посебно за младите луѓе. Да се започне нешто е навистина голем предизвик, но сме фокусираме и сме спремни да градиме нови партнерства, да маваме фондови што ќе ни служат како seed пари за стартапите и во исто време, се обидуваме да се докажеме, да изградиме бренд, да изградиме свест и да креираме успешни приказни што ќе донесат кредибилитет, не само во Oficina, туку во целата заедница.

За секој што е заинтересиран да ни биде партнер, нашите врата се секогаш отворени, иако сме фокусирани главно на следниве сервиси: сервиси за поддршка на бизниси, менторство, информации и тренинг, вмрежување и ПР… за младите ентузијасти би им препорачал да не ја чуваат идејата за себе. Кога сте возбуден за нешто, секогаш треба да ја следите идејата! Не се плашете од неуспех… или од успех!“, вели Еркенс.

Беше задоволство да се запознае некој со толкава пасија што сака да направи промена во својот град. Ако доаѓате во Тирана, тогаш треба да го проверите Oficina. Се надевам дека тимот ќе има успешни стартапи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии