#StartUpSelfie #37: Интервју со Нина Ангеловска од Grouper

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Првата приказна за годината доаѓа од моето опкружување. Во последно време сме сведоци на женски позитивистички движења; бидејќи и во 2017 сè уште живееме во машки свет; не само во политиката туку и претприемништвото, технологијата и дигиталниот свет. Затоа избрав следниот гостин да биде позитивно влијаниe за ова прашање. Морам да признаам пронаоѓањето на позитивност живеејќи во мала држава, што две години има политичка криза, не е лесно. Најмногу за претприемачите; ова не едноставно време за бизнис. Но сепак има светлина на крајот на тунелот! Да дознаеме повеќе за Нина Ангеловска, директор и основач на Grouper – водач на е-трговијата во Македонија. Да се инспирираме!

„Уште како девојче мајка ми научи да се стремам кон знаење и да бидам најдобра во она што го правам. Во текот на студиите бев посветена на добивање на знаење и добив пасија за е-трговијата. Бев возбудена и за натпревари, и сметав дека се одличен начин да се докажам. Кога имав 21 година победив на Државниот натпревар за најиновативен бизнис план; добив финансиски средства за да започнам сопствена компaнија. Преполна со енегија и амбиција, бев подготвена да ги искористам можностите и да се нурнам во бизнис светот.

Станувањето претприемач и водењето на сопствен бизнис не е нешто што го посакував од дете; веројатно претприемачките гени од моите родители и моето воспитување претставуваа солидна основа и почетна точка.

Мајка ми многу често носеше бизнис списанија и ми покажуваше интересни успешни приказни. Приказната за Groupon, ми го привлече вниманието бидејќи беше претставен како најбрзо растечка онлајн компанија во историјата. Tој нов бизнис модел на групно купување изгледаше како совршен иницијатор за развој на е-трговија во мојата држава во развој. Отворивме сајт за е-трговија, кога помалку од 1 отсто од населението купуваше онлајн. Кога другите гледаа пречки јас гледав предизвик да се промени е-трговијата. Патот не беше лесен, но секоја пречка што ја надминавме нè направи посилни и помудри.“- се сеќава Нина.

„Првиот скок беше кога ги потпишавме првите договори со 9 трговци од 10 средби, за само 2 дена. Обично го добивате прашањето кој е прв – јајцето (трговци) или кокошката (крајните корисници). Мојот одговор е: Двете во исто време! Бидејќи истовремено собиравме претплатници и преговаравме договори, околу 2 месеци пред лансирањето. Знак дека сме направиле одлична работа со нашата маркетинг стратегија беше кога само по неколку часа од објавувањето на првиот договор имавме продадени над 100 купони. Никогаш нема да ги заборавам адреналинот и радоста на првите договори и првите продадени купони.

Преговорите со институциите и банките за напредокот на е-трговијата и едуцирањето на граѓаните вредеа… Кога ќе погледнам назад, тоа беше тежок пат, и сè уште е, но успеавме да дојдеме до половина милион продадени купони.“- заклучи Нина.

Некој би можел да се запраша: Добро, како е ова иновативно, кога веќе постои на друго место во светот? Да ви кажам една „мала тајна“. Она што ве прави лидер не е идејата, туку нејзиното извршување. Во 99 отсто од случаите, вашата идеја најчесто е веќе некаде имплементирана. Не е грев да копирате или да реплицирате некоја идеја. Особено ако доаѓате од пазар во развој, можностите за реплицирање на идеи се неограничени. Потребна е храброст да се прилагоди идејата на потребите на пазарот; на неговите специфични потреби и карактеристики и да се постане лидер во државата.

Мојата имењачка не е осамена, има два други ко-основачи од почетокот. Тимот сега има 15 луѓе. Како дојде до водечката улога во Grouper и дали е тешко да се боде ко-сопственик со романтичен партнер?

„Лидерството дојде природно од тековните активности. На почетокот не седнавме да разговараме кој ќе има каква улога, бевме единствено посветени да ги завршиме работите. Тоа беше период на многу активности со ограничени ресурси што ни беа на располагање. Моите партнери имаа други деловни одговорности; еден е вработен, а другиот имаше друг бизнис во тоа време. Сепак, сите бевме посветени на Групер. Бидејќи јас бев ПР, често се појавував во медиумите. Тоа во очите на јавноста придонесе кон создавање на оваа улога на извршен директор.

Бев и сè уште сум луд оптимист. Најголемата страст за оживување на Grouper, ме буткаше напред. Од адреналинот и од постојаната работа овие неколку месеци ми се замаглени, немав време за размислување и поглед наназад.“ – објаснува Нина.

„Кога станува збор за ко-основање на бизнис со вашиот дечко/ девојка/ сопруга не можам да го споредам со нешто друго, бидејќи јас не знам за некој друг начин. Од почетокот ова го правиме заедно. Многу често не се согласуваме за одредени бизнис прашања, но критиката и конструктивниот конфликт се клучни за тестирање на вредноста на идеите, на крајот излегува најдобро решение. Прекрасно е да можете да ги споделите радоста на секој постигнат јубилеј и успех со најблискиот. Претприемачкиот начин на живот бара многу, добро е да имате партнер кој ја разбира вашата страст за работата; па дури и подобро, кој ја дели истата со вас.“- вели Нина со насмевка.

Grouper неодамна го прослави својот шестти роденден. Иако сега постои конкуренција на пазарот, Grouper сè уште е лидер. Нивните партнери ги гледаат со сигурност, а нивните клиенти ги сакаат понудите и креативните маркетинг кампањи. Зошто да чекате да го нарушите (disrupt) својot пазар? Ја прашав Нина за совет за секој што сака да започне бизнис кој веќе некаде постои, но можеби недостасува во нивната земја.

„Прв чекор е да го одберете вистинскиот бизнис. Во смисла, вистински бизнис модел за вашиот пазар, вистински момент, вистинска стратегија, и најважно нешто ви е пасија.  Користете ги сите ресурси кои ви се на располагање кога започнувате. Една од клучните работи за земјите во развој е да имате вистински поттик за вашите клиенти; особено ако лансирате нов бизнис модел за кој се потребни промени во во однесувањето и навиките на корисниците. Анализата и истражувањата се почетен и полесен дел.

Потоа мора многу да работат. Да работат напорно, да прифатат и да иницираат промени, да бидат креативни и да бидат во чекор со трендовите. Со напорна работа, мотивиран тим, добра организација, постојано учење и поддршка од пријателите и семејството, може да направите сè и може да биде забавно. Користете ја вашата мрежа мудро и бидете снаодливи.

Што е вашата пасија? Има ли  некаде нешто слично? Дали еко-системот и пазарот имаат потреба од ваков производ или сервис? Испробајте, тестирајте, развивајте… Или едноставно само приклучете се на некој стартап кој веќе работи на ова и бидете најдобриот член на тимот.

Секогаш може да ја претворите вашата страст во кариера. Нели?

Поздрав!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии