#StartUpSelfie 36 – Интервју со Емилија Попоска на тема blockchain

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на блогот #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Има нешто во Blockchain и с ѐ околу тоа што не можам да го сфатам. Колку повеќе се обидувам да се информирам, имам повеќе прашања. FinTech индустријата беше актуелна цела 2016. Иако многу експерти тврдат дека има уште 10 години за нејзино актуелизирање, иднината доаѓа брзо…

За да разбереме за што станува збор, да започнеме од основите. Blockchain е дистрибуирана база на податоци која содржи растечка листа на податоци, наречени блокови. Секој блок содржи временска ознака и врска до претходниот блок. По својата природа blockchain се отпорни на промени во податоците, откако ќе се креираат податоците во блоковите не може да се менуваат ретроактивно. Во 2008 беше воведена основата на дигиталната валута биткоин. Биткоин (bitcoin) е крипто-валута и и е создадена како награда во натпревар, во кој корисниците ја нудат процесирачката моќ на компјутерите за да се провери и евидентира биткоин трансакцијата во blockchain. Од друга страна има и контраверзии како криптовалутата Onecoin која ја обвинуваат дека е Понзи шема. Причините за ова се: начинот на кој функционира; и луѓето кои се вклучени во Onecoin, а претходно се дел од слични шеми.

Во 2016 централниот регистар на Руската Федерација најави пилот проект базиран на blockchain. Различни регулаторни тела од музичката индустрија започнаа да ја користат blockchain-технологијата за исплаќање на авторски права и менаџирање на истите низ светот. Во јули 2016, IBM отвори центар за развој и иновации на blockchain во Сингапур. Работна група на Светскиот економски форум е состана во ноември 2016 за да дискутира за развој на модели за управување поврзани со blockchain.

Но, зошто ова е актуелна тема? Зошто е технологија која надоаѓа? Зошто да ја користиме? Како луѓето да се прилагодат на оваа промена? Толку многу прашања ми минуваат низ глава…

Неодамна моја колешка и пријателка се пресели  во сончевиот Сиднеј. Заедно со нејзиниот партнер започнаа да работат на нешто големо. Тестираа, градеа, презентираа. Бев возбудена што пред неколку недеели повторно се вратија во нашиот град.

Emma PK сакаше со целата заедница да го сподели нејзиниот искуство на креирање на FinTech стартап. Но, пред официјалниот настан, седнавме на кафе и разговаравме за следната голема работа – BronTech.

„Јас и другиот ко-основачот Војдан Кардалев се познаваме од гимназија, па бевме на ист универзитет да изучуваме компјутерски науки. Секогаш нѐ интересираше софтвер и технологија. Пред Brontech двајцата имавме различни компании за технологија. Пред една година поради различни настани во нашата држава, добивме желба да посетиме други делови на светот и се појавија нови можности. Одлучивме да се преселиме во Австралија и да го ко-основаме Brontech.

Пред неколку години додека работев на мојата магистерска тема како дел од програмата морав да ја анализирам светската економска криза која го погоди светот во 2007. Ова беше период кога читав повеќе за парите. Како се прават и кои се импликациите на различни финансиски политики врз општеството. Започнавме да разгледуваме различни концепти со Војдан и поминавме денови зборуваjќи за причините за кризата, а и како можеше да биде спречена. Во ова време станавме заинтересирани за биткоин, идеологијата зад ова движење и силното социо-политичко влијание кое го предизвикуваше. Сепак во тој период биткоините беа единствено валута, кул валута – но сепак само валута и не можевме да направиме многу со технологијата со која беа креирани.

Потоа, со вториот бран на blockchain и со предлогот за креирање на Etherium – јавна blockchain базирана платформа за распределба на пресметки, се заинтересиравме за потенцијалот која оваа алатка ќе го има врз развојот на софтвер архитектурата. По креирањето на неколку DApps (децентрализирани апликации) сфативме дека една работа е клучна при градењето на децентрализиран систем, децетрализираниот идентитет. Тоа не беше една од работите за кои постоеше шаблон, одлучивме да креираме сопствен.“ вели Ема.

Војдан и Ема

Креирањето на работи од почеток никогаш не е едноставно. Ова најверојатно е еден од најважните моменти за сите кои сакаат да бидат претприемачи. Зад оперативен и растечки стартап секогаш има многи предизвици, непроспиени ноќи и многу работа. За тим од двајца, бев заинтересирана кои се најголемите предизвици на blockchain и на што Ема секојдневно гледа како предизвик.

„Она што најмногу ни се допаѓа кај оваа технологија е што во суштина станува збор за алатка за децентрализирање на моќта. Blockchain (или барем јавниот blockchain) го посетуваат сите и никој. Тоа е платформа без цензура и контрола. Ако се користи на вистински начин може да има додадена вредност на начионот на кои ги градиме апликациите, да додаде вредност и да профитира од нив. Сепак, 2016 беше година на blockchain возбуда. Имаше многу претпоставки и шпекулации за тоа што може да направи технологијата и некои работи излегоа од контрола. Наеднаш имаше толку шум и погрешни податоци што беше тешко да им објасниме на клиентите и инвеститорите за вистинските можности, но и за границите на технологијата. Причината за ова беа претераните очекувања дека blockchain ќе ги реши сите проблеми за сите вертикали во сите индустрии.

Со некои исклучоци, мислам дека најголем дел од стартапите имаат потреба од похрабра визија за трансформативни промени. Секој ја креира следната апликација и едвај чекам да видам која следна компанија/организација ќе го растресе светот.“- додава Ема.

Кога сме кај инвеститорите, BronTech веќе ги доби првите финансии во првата рунда инвестиции. Што е следнo за BronTech и што е важно за секој кој е заинтересиран да изгради нешто врзано со Blockchain.

„По празниците ќе ја лансираме My Bron платформата. Навистина сме многу горди кога луѓе ни се јавуваат и ни велат дека сакаат да помогнат со развојот на My Bron бидејќи веруваат во концептот. Наш императив беше креирање на бизнис со силен социјален аспект и Brontech е токму таква компанија. На ова сме особено горди.

Ако креирате нешто со blockchain, информирајте се за предностите и ограничувањата на технологијата и различните примени и деривати. Не верувајте во сè што читате онлајн, blockchain не е волшебна прашина која може да ја ставите во софтверот и ќе ги реши сите проблеми на вашата апликација. Внимавајте со квази-експерти и blockchain-евангелисти, најголем дел од нив не знаат за што зборуваат. Имајте предвид дека технологијата е во почетна фаза. Ова значи многу багови и проблеми, но и огромен потенцијал ако се поправи со следната итерација.“ – вели Ема.

За крај ќе додадам: „Дефинитивно ќе го следам развојот на BronTech и Blockchain“. Иднината е зад аголот и сите треба да се прилагодиме на она што следи. Некои луѓе најверојатно веќе ја користат технологијата за да купат новогодишни и божиќни подароци. Mind blown!

Среќни празници! :)

Поздрав!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии