Европските стартапи не треба да ја копираат Силициумската долина

Европските стартапи не треба да се угледуваат, ниту да се оптоваруваат со Силициумската долина, вели Каигам Габриел, поранешен директор во Google и DARPA, за Tech.eu. „Стартапите не смеат да размислуваат за ризикот на регионот, за достапноста на капитал, има многу други фактори кои влијаат на успехот на компаниите“, вели тој.

Тој вели дека капиталот можеби е подостапен во Калифорнија, Тексас и Невада, но никогаш нема доволно капитал. Парите не се најважната работа која треба да ги мотивира основачите. Прашањата како периодот во кој се појавува производот или услугата, дали пазарот е подготвен и потенцијалните корисници, се барем со подеднаква важност за успехот на стартапите.

„Пред 30 години стартапите кој доаѓаа од Силициумската долина беа најдобри од целиот свет, креираа нови можности и производи… Може да креирате апликација која овозможува да пронајдете бебиситерка за кучиња или било што, но дали навистина со тоа ќе го подобрите светот?“

Сепак без разлика на моделот и креирањето на нов производ, без разлика колку е добра технологијата, колку добар производ нудите, доколку луѓето не сааат да платат за него, тогаш ќе пропаднете како бизнис, додава г. Габриел во своето интервју за Tech.eu.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии