Стартапот H-Sense го претстави FlagIT и API со основни информации за државите

FlagIT е нов проект на македонскиот стартап H-Sense, кој ќе ви помогне едноставно да ги најдете сите основи податоци за некоја држава на едно место. Покрај знамињата на државите FlagIT, нуди и API со информации за државата кое може да биде преземено од девелоперите за нивните апликации.

„Ова не е измислување на топла вода или некаква иновација туку едноставно полесен пристап преку еден сајт да се дојде до збир од информации кои нас како програмери прво ни се наметнаа како проблематични за да се соберат на едно место, особено да се најдат унифицирани знамиња со задоволителен изглед“, вели Јасна Тренгоска, еден од тројцата основачи на H-Sense.

Алатката е наменета за сите кои имаат потреба од податоци за некоја држава, а доколку сте програмер благодарение на JSON-низата која се генирира преку сервисот можете да ги искористите при кодирање на ваша апликација. Доколку професионално не ви е потребни овие информации, тогаш сервисот може да ви помогне и да си ги подобрите знаењето за основните податоци на државите, пред компјутер од удобноста на вашата фотеља.

„API-ти може да се користи за било какви апликации каде е потребно да се повлечат информации од типот на тие што се понудени тука. Можностите за примена се неограничени ако се гледа на тоа кој тип на апликации би го користеле“.

H-Sense е организатор на програмскиот маратон Codefest и креатор на Memorate, друштвена платформа за споделување на спомени.

1 коментар на “Стартапот H-Sense го претстави FlagIT и API со основни информации за државите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии