Стартапите во Албанија нема да плаќаат даноци

Можеби македонските власти се фалеа со бизнис извештаи, но реалноста е дека земјава заостанува зад сите други кога е во прашање иновацијата. Наместо да се фали со извештаи кои беа оспорени, Македонија треба да го следи примерот на Албанија која се реши да ги поддржи локалните стартапи и иновативни компании со неплаќање на данок.

Премиерот Еди Рама објави дека стартапите и малите бизниси нема да плаќаат даноци доколку не прават повеќе од 36.000 евра годишно. За тие компании, пак, што прават до 58.200 евра стапката на данок ќе биде 7,5% на приход од 5%. Како што пренесува Digjitale, г. Рама вети дека властите во Албанија ќе го сменат пристапот и ќе бидат помодерни и поотворени за соработка со претприемачите, следејќи го примерот на европските земји.

Според Digjitale, и ова е добра поента, Албанија мора да ја модернизира стартап заедницата и претприемачите бидејќи се повеќе европски инвеститори разгледуваат да инвестираат во компании од Источна Европа, меѓу кои Македонија и Косово. Ова е точно бидејќи од неодамна беше стартуван европски фонд кој сака да инвестира дури 40 милиони евра во балкански стартапи.

2 коментари на “Стартапите во Албанија нема да плаќаат даноци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии