Стартапите ја менуваат економијата во Европа

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Европа конечно успеа да креира екосистем за стартапи со кој ќе и конкурира на Калифорнија.

„Европа гради екосистем по својот модел, дефиниран од техничка експертиза, географски различност и колаборативен пристап со традиционалната индустрија. Поставени се солидни темели: со огромен пристап до таленти; основачи со глобални амбиции; и голема растечка база на софистицирани инвеститори“, вели извештајот State of European Tech на Atomico.

Во 2017 година во европски стартапи се инвестирни 19 милијарди долари. Што е раст од 3.5 милијарди во однос на 2016 година. Во над 50 стартапи инвестициите се поголеми од 50 милиони,  раст во споредба со 43 од 2016 година, констатира Venturebeat.

Има уште добри вести, 41 технички стартап по инвестициите е проценет на над 1 милијарда долари. Во 2016 година оваа бројка беше 34, а во 2017 година им се приклучија уште 7: The Hut Group, продажба; Trivago, патување и транспорт; Purplebricks, недвижен имот; Talend, апликации за компании; Outfit7, видеоигри; Improbable, апликации за компании; Rovio, видеоигри.

Што се однесува до интересите на инвеститорите и на основачите на компаниите во топ 5 се: вештачката интелигенција, криптовалути и blockchain, сајбер безбедност, автономнив возила и роботика.

Кои се областите во кои Европа би можела да стане лидер следниве 5 години

Компаниите кои добија најголеми инвестиции, Picnic и Cabify доаѓаат од Холандија, односно Шпанија. Велика Британија останува водач кога се во прашање стартапите и инвеститциите. Сепак, поголем е и бројот на инвестиции во стартапи кои доаѓаат од различни локации во Европа.

Многу повеќе податоци во целиот извештај на Atomico.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии