Стартапи за вештачка интелигенција без вештачка интелигенција?

Истражувањето на лондонски инвеститори MMC покажало дека дури 40% од европските стартапи кои велат дека работат со вештачка интелигенција не користат вештачка интелигенција.

Инвеститорите анализираа податоци од 2 830 европски стартапи од 13 држави членки на Европската Унија. Од оваа бројка на анализирани компании само 1 580 имаат некаква врска со вештачка интелигенција. Останатите воопшто не може да се квалификуваат во оваа група вели претставник на MMC за Forbes.

„Ги погледнавме сите компании, нивните материјали, нивните производи, веб-страниците и документацијата на производот“, вели Дејвид Келнар, од MMC. „Во 40% од случаите не можевме да пронајдеме никакви елементи на вештачка интелигенција. Во овој случај компаниите за кои луѓето претпоставуваат и мислат дека се компании со вештачка интелигенција, веројатно не се такви“.

Иако понекогаш и самите стартапи се виновни за погрешна класификација, ова секогаш не е случај. Често оваа класификација доаѓа и од трети компании кои само ги класифицираат стартапите.

Кога злоупотреба е во прашање тогаш веројатно главна причина за тоа е желбата за подобро позиционирање пред инвеститорите. Стартапите кои работат со, и на вештачка интелигенција имаат помеѓу 15 и 50% поголеми инвестиции од останатите стартапи.

Најчеста причина за погрешното класифицирање е проблематичното користење најчесто на терминот „паметен“. Во дел од овие случаи често технологијата нема никаква врска со вештачка интелигенција. Најчесто користена вештачка интелигенција во компаниите кои ги разгледуваше MMC се четботови и системи за заштита од измама.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии