Стартапи, имате трета шанса да им се приклучите на SuperFounders Skopje

Започнува и третата Start програма на раниот стартап акселератор SuperFounders Skopje. Програмата, која започнува следната недела ќе има нов формат со повеќе меѓународни собири, барем три презентации пред интернационални инвеститори за најдобрите стартапи, и ментори со искуство од Techstars, Pioneers, Seedcamp. Пријавувањето е до петокот, 17-ти октомври.

Стартапите кои ќе бидат прифатени ќе имаат посебни тренинг сесии во рамки на Balkan Venture Forum од 11 до 13 ноември во Словенија, вели Александар Тасев, ко-основач на SuperFounders Skopje и BkVF, кој го најави и Startup Meetup-от закажан за среда, 8-ми октомври од 19:00 часот, каде подетално ќе се зборува за програмата и претходните искуства. Локација за митапот е на Франклин Рузвелт 39, први кат, Скопје.

Зборувавме со Александар за првите две Start програми преку кои искусните ментори им помогнаа на десетина македонски стартапи да ги доработат идеите, и најважно од се да научат како да направат добар бизнис план со кој ќе може да импресионираат. Според него, овие две програми придонесоа да се турне стартап заедницата кон успеси и на меѓународна сцена.

„Искуството од првите две програми е непроценливо. Сето она што го имавме научено минативе десетина години низ нашите претприемачки искуства, водењето на Balkan Venture Forum, интензивното вмрежување и менторирање ширум Европа, спојувањето на иновации со инвеститори, добивме можност да го преточиме во нашите луѓе. Главната поука е оxрабрувачка, односно дека можеме да ги однесеме нашите стартапи кон меѓународен успех“.

Локалните стартапи не се за потценување бидејќи, како што вели Александар, „има брилијантни луѓе“ кои се способни за креативни идеи и сакаат да работат. Иако во Македонија има застој на стартап сцената, споредено со другите земји во регионот, сепак има напредок. Позитивно е што има акселератори како SuperFounders кои имаат се повеќе „хабови“ низ регионот и привлечуваат луѓе со иновативни идеи. Таквите мрежи помогаат да се дојде полесно до ресурси, дали до пари или до менторство што може да придонесе кон појака стартап зедница, објаснува Александар.

„Имавме среќа да работиме со брилијантни луѓе, кои брзо ги научија методите, вокабуларот, бизнис вештините, со што веќе ги стекнуваат првите клиенти и инвеститори. Како најактивни би ги издвоил Qorio на Данило Грбиќ победник на минатиот „Демо деј“, ShowShake и SocialSpot.
Поради тоа одлучивме со повеќето да работиме интензивно и по завршувањето на програмата, практично како и да не е завршена. За некои обезбедивме менторство од врвни луѓе во нивната индустрија, што значително им го олесни пробивот на светскиот пазар и го означува патот кон крајниот EXIT“.

Не заборавајте, пријавувањето за третата Start програма е до петок. Прифатените стартапи ќе бидат известени преку викендот. Програмата ќе трае се до 16-ти декември, кога ќе се одржи Demo Day во технолошкиот парк при Техничкиот универзитет од Истанбул, во ко-организација со Инвестицискиот форум на европски бизнис ангели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии