Стартап сака да ја стрима планетата Земја од Вселената

Urthecast планира да постави HD камери на Интернационалната вселенска станица и да го стрима дневниот живот од планетата Земја, но гледан од Вселената. Стартапот планира да прикажува видео од Земјата 24 часа на ден.

„Замислете си Google Earht na стероиди. Ќе имате моќност да гледате видео од политички настани во живо, економски и спортски настано во реално време.“, вели директорот на Urthecast, Камерон Чел.

Камерите, кои се во процесот на изработка, се очекува да бидат готовои летово, се најавени како доволно моќни за да зумираат на објекти од само еден метар широчина. Откако ќе бидат направени камерите ќе бидат предадени на руската Федерална вселенска агенција која ќе ги закачи на станицата во почетокот на следната година. Urthecast вели дека Руската вселенска агенција го прифатила проектот бидејќи сакале малку да добијат на публицитет и да ја искористат Вселенската станица за нешто едукативно.

[youtube]kVCdye2-vUQ[/youtube]

Снимките од Вселенската станица ќе бидат симнувани во центри на Земјата и од тука ќе бидат дистрибуирани на Urthecast.com. Сервисот планира да им понуди опција на корисниците да си внесат адреса, па кога станицата ќе биде во орбитата над нив ќе бидат известени за да ги видат сликите од локацијата.

Стартапот планира да заработи од проектот така што ќе ги изнајмува камерите на компаниите кои ќе можат да креираат гигантски логоа, но може и да прикажуваат ексклузивни и уникатни перспективи на спортски настани.

[youtube]jPrN_Z1J52A[/youtube]

1 коментар на “Стартап сака да ја стрима планетата Земја од Вселената

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии