Стартап алатки од Brainster: Сo Wave до средени финансии

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Во денешно време се повеќе и повеќе работни активности кај бизнисите се автоматизираат, а сметководствените и финансиските активности не се исклучок од ова. Светот се менува благодарение на Software-as-a-service (SaaS) услугите а со тоа се менува и начинот на кој бизнисите од сите големини ги менаџираат своите активности како и финансиите. И постои причина за сево ова… Бизнисите во денешно време се повеќе и повеќе се посветувааат исклучиво на оние активности кои ги сметаат за нивно јадро или компетитивна предност, а за се останато се ангажираат други компании (outsourcing). Со други зборови, бизнисите гледаат како да постигнат поголема оптимизација на ресурси за максимални перформанси т.е. резултати.

Ова е особено важно за малите бизниси кои не можат да си дозволат да се „расфрлаат“ со ограничените ресурси кои им се на располагање. Сопствениците на малите бизниси едноставно мораат оптимално да ги распределат ресурсите од една страна, но од друга страна, потребно е и да знаат како нивниот бизнис функционира од финансиски аспект. Еден од таквите SaaS сервиси кои може да им помогне на малите бизниси полесно да го менаџираат сопствениот бизнис од аспект на финансии, е Wave.

1523396_815122958513825_373269401_o

Wave претставува бесплатен SaaS сметководствен софтвер за мали бизниси. Основната идеја позади Wave е дека менаџирањето на финансиите не треба да биде толку комплицирано активност која и воедно е неразбирлива благодарение на „напредните“ десктоп сметководствени софтвери.

Креирањето на овој сет од алатки доаѓа како резултат на проблемите кои еден од ко-основачите, Kirk Simspon, ги имал додека пробувал да ги менаџира сопствените бизнис финансии. Згрозен од неможноста да се снајде користејки различни софтвери, заедно со James Lochrie, го создале Wave со цел да се поедностави процесот на административни финансиски активности кои сите мали бизниси ги презираат.
Во рамките на ова cloud решение се вклучени неколку работи: фактурирање, сметководство, плати и плаќања. Интерфејсот е навистина интересен, едноставен и разбирлив дури и за луѓе кои немаат никакво финансиско искуство. Таргетиран пазар им се бизнисите во кои се вработени не повеќе од девет лица. Па така, покрај стандардните бизниси, Wave претставува интересна алатка за користење и за фрилансери, лица вработени на договори на дела, претприемачи.

www-waveapps-com-sitestatic-landing_pages-img-side-screens8bit

До денес, компанијата има преку 1,5 милион регистрирани корисници, мониторинг на над 60+ милијарди американски долари (во приходи и трошоци) и вкупна инвестиција од 34,5 милиони американски долари. Дали напоменавме дека алатката е бесплатна?! Но тоа и воопшто не треба да не изненадува… Компанијата е сеуште во фаза на експанзија и заземање на што е можно поголем удел. Тоа што е бесплатна не значи дека не постои можност за монетизација на потенцијалот кој го има. Со се поголем сет на податоци за горенаведените категории на корисници, Wave би можеле да бидат во можност да забележат трендови во овој сектор и секако да профитираат.

Среќно,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии