Стартап алатки од Brainster: Со Slack до подобра комуникација во тимот

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Луѓето во ИТ индустријата му „копаат” гроб на имејлот веќе цела една деценија, но нивните предвидувања секогаш изгледале како малку надвор од реалноста. Имејлот, и покрај својата страшно, ужасно и не толку добро влијание врз нашиот секојдневен живот, е очигледно сè уште добар бизнис. Во изминативе години, дури и Amazon, Dropbox, Google и Microsoft имаа свои најави за нови имејл иницијативи – но сепак без успех. И покрај восхитувачката издржливост на имејлот како услуга, можеме да си замислиме иднина во која мејлот (неверојатно) е заменет со нови алатки кои им овозможуваат на луѓето да соработуваат во големи групи и да ги присилат или да стават притисок на компаниите кон воведување на радикална информациска транспарентност, за која многумина веруваат дека е неопходна (во најмала рака барем во ИТ индустријата).

Имајки ги во предвид жалбите на секој еден од нас поврзани со имејловите, на пазарот се појавија различни решенија кои нудеа излез од ситуацијата. Постојат толку многу различни додатоци (plug-ins) како Xobni или различни имејл клиенти, но без многу поголеми достигнувања. Има нешто суштинско во комуникацијата со поголем број на луѓе која е потешка за управување, особено имајќи ја предвид количината на информации која ја добиваме денес на дневна основа. Пред 10 години, 50 до 60 проценти од имејл комуникацијата доаѓаше од други луѓе, а денес таа претставува само од 8 до 10 проценти. Останатите 90% доаѓаат од машини – имејл маркетинг, сметки, нови следбеници на Twitter, Facebook коментари, месечни извештаи и што ли уште не!

Најдобар пример за нов вид на систем за комуникација ни доаѓа од Slack, стартап од Сан Франциско. Оваа алатка изгледа слично на некои други апликации за групен разговор за кои сум сигурен дека поголемиот дел од нас ги користеле – AOL Instant Messenger или IRC. Slack е алатка за соработка ко-основана од Стјуарт Батерфилд, Ерик Костело, Кал Хендерсон, и Сергеј Мурачов. Интересно е тоа што Slack почна да се развива како внатрешна алатка која се користеше од страна на нивната компанија Tiny Speck во развојот на Glitch, сега една екс-онлајн игра. Slack беше лансирана во август 2013 година, и во рок од 24 часа по стартувањето имаше над 8.000 корисници.

Startap alatki #7 Slack 1

Slack имаат развиено повеќе едно-реченични описи за тоа што претставува овој производ. Кога се зборува повеќе евокативно тогаш Slack ја претставува вашата целокупна комуникација на едно место, која може веднаш да се пребара, и е достапна каде и да одите. Но кога станува збор за описот на Slack за маркетинг цели тогаш „Slack е платформа за пораќи и пребарување која што создава единствена и унифицирана архива достапна со моќни пребарувања. Најдобар опис за тоа што се може Slack да направи, дадоа момците од Sandwich. Се сеќавате на нив? Тоа е истата онаа компанија која е „виновна” за сите оние кул видеа на влијателни стартапи ширум светот. Погледнете го видеото!

Во последните седум години, со масивноста на Facebook и воведување на вистински паметни телефони, повеќето луѓе сега имаат различни подгрупи на контакти со кои не комуницираат првенствено преку имејл. Го користиме [Google] за дружења со три лица (Google Hangout), и iMessage со четири до пет лица, и Twitter за неколку луѓе и многу помала група на пријатели со email комуникација. Сите работни конверзации се одвиваат преку Slack. Тоа не е нешто за што луѓето се свесни. Ако ги прашате колегите за тоа како тие комуницираат со нивниот брачен другар, нивните деца или пријателите од средно училиште, одговорот ќе биде користејки различни апликации во различни режими за различни луѓе. Луѓето се повеќе и повеќе се навикнуваат на тоа.

Ова е една од причините зошто Slack беше во можност да го има стартот кој го имаше. Затоа што луѓето се подготвени да прифатат уште една рамка – уште една апликација за комуникација со одредена подгрупа на луѓе.

Среќно,
Brainster.co заедницата

1 коментар на “Стартап алатки од Brainster: Со Slack до подобра комуникација во тимот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии