Стартап алатки од Brainster: Сите имаме потреба од реални информации за клиентите

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


„Морате да ги знаете вашите клиенти за да можете најдобро да одговорите на нивните желби и потреби и секако да профитирате од тоа“… Да. Токму така. Морате да знаете што е можно повеќе информации за вашите клиенти доколку сакате да бидат наклонети кон вас и вашиот бизнис. Морате да знаете каде се дружат, со кого, што читаат, гледаат, слушаат и сл. Но тука се среќаваме со еден огромен проблем – како да дојдеме до тие информации? Досега, одговорот беше – со користење на прашалници и анкети и сл. Но, да бидеме реални: луѓето многу ретко ги пополнуваат овие прашалници на кои вие веќе имате потрошено доста голем дел од вашето време обидувајќи се да бидат што е можно подобри, полесни и побрзи за пополнување. Прашалниците и анкетите се вознемирувачки и досадни истовремено, и не се забавни воопшто.

Но знаете што е тоа што е забавно, а истовремено и место или места каде најголемиот дел од нас со „задоволство” оставаат податоци?! Социјалните медиуми. Најголемиот дел од нас поминува илјадници часови годишно низ социјалните мрежи кои се места што веќе располагаат со информации кои ние бизнисите „очајнички” се трудиме да ги добиеме по секоја цена. Тие знаат кои се нештата што ги сакаме, кои се нашите пријатели како и за работите кои ни се важни и релевантни.

ncrease.io-print-screen-1-1024x503

Благодарение на Ncrease, денес сме во можност да ги дознаеме сите овие информации кои патем луѓето ги даваат бесплатно. Оваа алатка ви дава реални информации за однесувањето на вашите клиенти низ социјалните мрежи. Се што, вие како бизнис треба да направите е да им дадете можност односно опција на вашите клиенти да можат да се логираат со, на пр., Facebook, а ова алатка ќе се погрижи да ги добиете информациите кои ви се потребни.

Ncrease ќе ви испраќаа дневни мејлови со препораки за споделување на содржина, со цел да останете во константна интеракција со вашите клиенти. Истовремено, оваа алатка ќе ви помогне во процесот на зголемување на вашата тековна клиентска база и во неа да се вклучат повеќе луѓе кои би го побарале вашиот производ. Затоа, престанете да праќате прашалници и анкети. Престанете да се чудите и грижите околу тоа што вашите сегашни клиенти сакаат или каде се вашите идни клиенти. Почнете да ја искористувате моќта на Ncrease и секогаш ќе знаете што вашите клиенти навистина сакаат.

Среќно,
Brainster заедницата


Можеби ќе ве интересира:

 


1 коментар на “Стартап алатки од Brainster: Сите имаме потреба од реални информации за клиентите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии