Стартап алатки од Brainster: Како до компетитивна предност грижејќи се за клиентите?

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Клиентот е секогаш на прво место… Сигурно мал милион пати сте го слушнале ова. Но за жал, оваа изјава е повеќе научна фантастика отколку реалност на овие простори. За волја на вистината, постојат и чесни исклучоци. Овде нема да пишуваме за чесните исклучоци, ниту за научната фантастика која е присутна ширум Балканов. Овде ќе пишуваме за тоа како да создадете лојалност која парите не можат да ја купат. Ќе пишуваме за тоа како да создадете компетитивна предност пред останатите, а судејќи по тоа што се случува тука, шансите ви се огромни доколку работите спротивно од конкуренцијата.

Една од алатките која ќе ви помогне во овој процес е ZenDesk. ZenDesk претставува софтвер за грижа за клиентите кој ви овозможува да стимулирате лесна и ефикасна комуникација со вашите клиенти. Оваа алатка содржи моќен и комплексен сет на фукции, вклучувајки и робустна анализа на клиенти, директна линија за разговор за вашите клиенти, Help Desk центри и способност за интеграција на ZenDesk во вашата native средина. Лицата кои го користат ZenDesk се благодарни за стотиците плагини – како [email protected], кој им овозможува на вашите клиенти да ги рангираат вашите агенти. ZenDesk може да биде и сложен за поставување затоа што е базиран на „ticketing” систем кој некои компании го сметаат за непрактичен.

Оваа алатка е главен играч кога се во прашање веб базираните help desk системи. Таа нуди прилагодлив front end портал, можност за инстант комуникација (live chat) и беспрекорна интеграција до голем број на апликации како Salesforce и Google Analytics. Достапна е на вашиот iPhone, iPad, Android или Blackberry а неговата имплементација трае неколку минути. Исто така, оваа алатка е доста приспособлива на уникатните потреби на бизннисот, и им овозможува на корисниците да комуницираат со вас преку повеќе канали (Интернет, имејл, мобилна технологија, Twitter и сл).

Startap alatki #8 ZenDesk 1

ZenDesk е целосно решение за поддршка на корисниците. И help desk-от и апликациите за подршка на клиенти се нудат на самостојна основа и во рамките на интеграцијата се дава и knowledge management системот. Овој систем е дизајниран да се користи во широк спектар на вертикални пазари вклучувајки технологии, менаџирање, медиа и retail и е скалабилен за малите и големи бизниси.

За кого е всушност ZenDesk? Во суштина, ZenDesk е за било која клиентско ориентирана компанија т.е. бизнис. Може да се види како идеално решение за, да речеме, мала ИТ консултантска компанија која има потреба да ги следи потребите на нивните клиенти, но и за секоја компанија во која е вклучена интеракција со клиенти.

Како што можете да видите, Zendesk е повеќе од поддршка – тоа е пат кон успехот во поддршката на корисниците. Затоа не е ни чудно што 60.000+ компании имаат доверба во нив, од над 150 различни земји и територии и вклучуваат клиенти од типот на Groupon, Shopify & OpenTable.

Среќно,
Brainster.co заедницата


Може да ве интересира:


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии