Стартап алатки од Brainster: Како да запомните се?

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Во време кога имаме се повеќе работни задачи и обврски, а се помалку време и останати ресурси, потребен ни е начин да се организираме како би си ја подобриле продуктивноста. Една таква алатка која може да ни помогне во врска со ова е Evernote. Погледнете го ова извонредно анимирано видео од ThinkSwitch.

Evernote претставува една од најпопуларните апликации за продуктивност и станува се попопуларна. Можеме да ја користиме на начин и за нешта за кои ние сакаме и како сакаме, и затоа луѓето од Evernote не даваат многу насоки за тоа како да го користиме.
Алатката претставува „задолжителна опрема” за блогери, претприемачи, професионалци или за секого кој поминува голем дел од неговото време онлајн. Најдобрата работа во врска со Evernote? Бесплатна е, можете да ја користите на начин на кој вие сакате и е достапна на сите платформи!

Мотото на Evernote е „Remember everything“! Кратко, јасно, концизно, моќно! Два збора кои совршено го опишуваат производот и неговата широкопојасна примена. Evernote е повеќе од место за забелешки… Може да биде место за забелешки, таск менаџер, to-do листа, потсетник, архивер, cloud storage, собирач на постови и се останато што може да ви падне на памет. Некои го користат Evernote за да ги зачуваат своите:

  • Забелешки од состаноци;
  • Споделување и делегирање на таскови;
  • Клиентски забелешки / Забелешки за проект;
  • Музика (chords, tablature, etc.);
  • Планови за патување;
  • Мотивациски афоризми;
  • Рецепти;
  • Битни документи;
  • Bucket list.

Постојат и други начини како да сочувате информации, но ниедна друга опција не е толку богата со опции и функционалности и достапност како што е Evernote. Исто така, постојат и доста голем број на plugins за Evernote, давајќи ви можност да го моделирате согласно вашите потреби. За повеќе инфо како можете да го користите Evernote, можете да ги проверите следниве линкови: 51 трик за да станете Evernote нинџа или 10 начини како да го користите Evernote како професионалец.

Среќно,
brainster.co заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии