Стартап алатки од Brainster: Имајте контрола над онлајн репутацијата

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Доколку сметавте дека менаџирањето на репутацијата е само за големите бизниси, размислете подобро. Со појавувањето на социјалните медиуми, но и на онлајн оценувањата на вашиот бизнис од страна на корисниците, мониторирањето и менаџирањето на онлајн репутацијата прерасна во сериозна активност. Само една лоша препорака или една личност која го напаѓа вашиот бизнис на некој респектиран сајт се доволни за тотално да биде уништен вашиот бизнис кој сè уште е во зачеток. Но, иако постојат сајтови за менаџирање на ваквиот ризик, сепак истите наплаќаат и до 100.000 долари; што ги прави недостапни за малите бизниси.

Но, не и SiteJabber for Business. Овој вебсајт првично започна како место за оценување на бизниси, но со лансирањето на нивниот нов модул ќе настојуваат да им помогнат на самите бизниси. Она што овој сајт го нуди е колекција на неограничени оценувања, неограничени јавни и приватни одговори на коментарите и сл. Во суштина, доколку сте компанија на која и треба некаква помош за изградба или поправка на онлајн репутацијата, и притоа немате „одвишок” финансии, тогаш сте пристигнале на вистинското место.

Карактеристики на SiteJabber: неограничен број на клиентски оценувања со цел да ја изградите онлајн репутацијата на соодветно ниво, притоа намалувајќи го ефектот кој би го имале негативните оценувања и секако генерирајте нови leads (потенцијални клиенти); неограничени јавни и приватни реплики на оценувањата: решавајте ги директно жалбите на вашите клиенти и воспоставете дополнителни канали на комуникација; многу потенцијални клиенти пребаруваат назив на бренд + оценувања директно на пребарувачите; препознатливи печати за доверба ја подобруваат стапката на конверзија за вашиот сајт; 24-часовна имејл поддршка со цел да решите некој проблем поврзан со SiteJabber.

Историски гледано, менаџирањето на репутацијата не е коректно ниту кон бизнисите ниту кон потрошувачите. Бизнисите се принудени да плаќаат огромни износи за да имаат контрола во онлајн светот, додека пак потрошувачите не се во можност да утврдат дали некој бизнис е одличен или едноставно ги „поткупил” оценувачите. SiteJabber for Business е директен одговор на настојувањата на бизнисите кои сакаат да управуваат со своите брендови онлајн на правилен начин, но, истовремено и одговор на барањата на потрошувачите кои сметаат дека тие ги заслужуваат најдобрите информации. Инвестирајте во вашиот бизнис. Регистрирајте се на оваа платформа и почнете да ги чувствувате бенефитите од намалениот ризик при менаџирање на вашиот онлајн бизнис.

Ве очекуваме,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии