Стартап алатки од Brainster: Дали навистина сакате да ги завршите работите?

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Колку мислите дека ќе можете повеќе да постигнете доколку секој пат кога ќе го кренете телефонот, „ѕирнете” на вашата алатка за менаџирање на активности наместо да гледате видеа или трошите време на социјалните мрежи? Добредојдовте во светот на CloudTasks, апликација за менаџирање на зaдaчи која се интегрира со вашиот календар. Иако мораме да признаеме дека светот на ваквите апликации нуди доста можности и опции, CloudTasks некако успева да се издвои од другите. За разлика од повеќето решениjа, оваа апликација успева да ви го задржи вниманието имајќи доста чист и лесен за прилагодување дизајн – нешто што е повеќе од доволно за да биде земенa во предвид од страна на самите компании. CloudTasks се интегрира со Google Tasks и ако веќе сте обожавател на оваа алатка, тогаш додавањето на CloudTasks ќе ги спои двата света без разлика што и да правите. Ова е листата на некои од квалитетите кои ги има оваа апликација: повторувачки таскови; потсетници; приоритети; гласовен инпут; нотификации; филтрирање и споделување.

Преку оваа апликација, ќе имате можност да ги прегледувате вашите таскови на начин кој осигурува дека ќе ги запазите приоритетите и ви овозможува запазување на деталите. Да бидеме искрени, во денешно време нашето внимание е насочено кон многу работи. Поради тоа, навистина е тешко да се остане фокусиран на нештата и да не се заборави нешто. Дневни задачи, состаноци, долгорочни проекти – секогаш постои нешто што може да не излуди.

CloudTasks ви овозможува лесно сортирање на различни задачи, додавање или промена на задачи, правење на листи, како и можност за детално прегледување на задачите. Дневниот брифинг ви овозможува брзо потсетување и вие секогаш сте во тек со вашите активности, грижејќи се да не пропуштите ништо. Можете да споделувате со пријатели, колеги, клиенти или со било кого кој треба да е во тек. CloudTasks им овозможува на сите да бидат на „иста страна” преку синхронизирање на податоците на облак (cloud).

Ако сте личност која сака да работи користејќи го календарот, тогаш CloudTasks е за вас! Како дополнителна опција, компанијата која стои зад оваа алатка, ви нуди и уште една интересна алатка – CloudCal. Оваа алатка ви нуди визуелно претставување на дистрибуцијата на задачи низ календарот се со цел да добиете визуелна претстава за било кој конкретен датум. Доколку сакате да се организирате и да го избегнете хаосот кој настанува со заборавање на одредени задачи во било која форма, тогаш CloudTasks е идеално решение за вас.

Среќно,
Brainster заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии