Стартап алатки од Brainster: Asana за тимска работа без имејл

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Во услови кога имејловите и состаноците ни го диктираат расположливото време за оперативни „попродуктивни” активности, просто е невозможно да се остане фокусиран, а да не се потроши дел од времето залудно. Во една студија спроведена од страна на глобалниот институт McKinsey е утврдено дека „knowledge workers – менаџери, лица за продажба, научници, и др. чија примарна активност е интеракцијата со др. вработени, клиенти и добавувачи и вклучува комплексен процес на донесување на одлуки базиран на знаење и проценка” во просек губат нешто повеќе од два и пол часа дневно (2,6 часа дневно поточно) читајќи и одговарајки на мејлови. Ова е еквивалент на 27 работни дена годишно!

Една од алатките која помага во процесот на продуктивност а која истовремено е наречена убиец на имејлот е Asana, основана од поранешниот ко-основач на Facebook, Дастин Московиц, и поранешен вработен во Facebook, Џастин Росенштајн.

Што претставува Асана?

Наједноставниот опис што може да и се припише на оваа алатка е дека Asana претставува делумно to-do листа, а делумно и комплексна алатка за колаборација (соработка). Можете да ја користите за проектно менаџирање или за следење на процесот при вработување за одредена работна позиција. Asana претставува отворена и флексибилна апликација која функционира на начин кој што е исто така својствен за Evernote, што би значело дека како корисник од прва нема да бидете сигурни од каде да започнете. Но штом навлезете во светот на Asana, како и кај Evernote, можете да станете што ќе посакате.

Asana функционира во облак, и примарниот интерфејс е онлајн. Постои и мобилна апликација, но веб интерфејсот е убедливо подобар и пофункционален. Како алатка, Asana-та е бесплатна за до 15 корисници за колаборација, а понатаму следуваат платените опции од минимум 50 долари.

Употреба на Асана во бизнисот

Како што можете да видите од видеото, Asana ви овозможува да додавате задачи, да ги доделите на некого (вклучително и на себе си), да зададете датум на достасување, да ставите забелешки за задачата, како и да додавате следбеници кои ќе го мониторираат извршувањето на задачите или ќе придонесат за нивна побрза реализација. Секоја од задачите може да има и подзадачи. Сите задачи можат да бидат влечени и ставени на соодветна локација. Исто така, може да додавате section headers во рамките на задачите и да покажете што сакате. Овие section headers претставуваат линии на демаркација, и можат да ви послужат во процесот на поделба на доста големи и/или комплицирани процеси. Повеќе околу тоа како работи Asanaа можете да научите во делот од видео туториалите коишто Asana ги става на располагање.

Некои од генералните употреби на Asana во делот на бизнисот вклучуваат:

  • Вработување и следење на апликантот;
  • Нови обуки на вработените и листа за проверка за да започнете во компанијата;
  • Проект менаџмент;
  • Управување со работниот тек;

Убавината на ваквите алатки е во тоа што можат и тоа како да ви го олеснат начинот на функционирање, доколку правилно се изгради организациска култура околу нивната примена, и се остави на вработените да ја искористат нивната креативност. Бидете креативни. Бидете различни. Бидете brainster-и.

Среќно,
Brainster.co заедницата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии