Start копчето се врати! Microsoft официјално го претстави Windows 8.1

Microsoft и официјално ја објави новата верзија 8.1 на својот оперативен систем, Windows, во која се враќа Start копчето. Но, овојпат, Start копчето не е такво како што го знаеме од претходните верзии на Windows, туку претставува едно најобично мени преку кое може да се пристапи до Task Manager и Control Panel.

Една од подобрите новости во Windows 8.1 е можноста за бутирање на самиот десктоп, наместо во менито со метро интерфејс. За многумина на почетокот тоа беше збунувачко, но директорот на Microsoft, Стив Балмер, на претставувањето изјави и дека полека развивачите започнале да развиваат апликации за Windows 8 платформата.

„До крајот на овој месец ќе ја надминеме бројката од 100,000 апликации во Windows продавницата“, изјави г. Балмер. Facebook, Flipboard и NFL веќе имаат нови апликации.

Во новата верзија, исто така, подобрена е функцијата за пребарување која на корисниците им овозможува брзо да ги пронајдат своите документи, апликации или да пристапат до некоја од опциите во Control Panel-от.

Што се однесува до промените за уредите на допир кои работат на Windows 8, отсега со „тапкање“ на екранот, корисникот ќе може да ги види сите апликации. „Оваа промена прикажува колку респонзивни станале нашите инженери“, вели Џулија Ларсон-Грин, главен менаџер за Windows во Microsoft. Додека таа ги објаснуваше новите можности за контролирање со помош на гестикулации, додаде дека „наскоро сите екрани ќе бидат на допир“ и сето тоа го демонстрираше на Windows 8 лаптоп кој работи како таблет.

Дополнително, беше претставена и новата апликација за Xbox Music, преку која ќе може да се стрима и купува музика. Исто така, корисниците ќе имаат можност да креираат сопствени плејлисти и да слушаат радио според одредени артисти или жанрови. Веб базирана верзија се очекува да биде пуштена во текот на следната недела.

[youtube]7BN0W7CONpw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии