Start копчето ќе се врати во Windows 8.1, ќе му се приклучи и новиот Boot to Desktop

Microsoft ќе се врати на традицијата и повторно ќе го имплементира Start копчето во својот нов Windows 8. Новата верзија на „осмицата“ – 8.1 ќе врати еден од знаците на препознавање на Windows, велат изворите на The Verge. Копчето ќе изгледа како Windows логото и со негово притискање корисниците повторно ќе може да одбираат aпликации од Start менито. Тежината на привикнување кон новиот двоен интерфејс (десктоп и Metro) на Windows 8 е оценета како една од причините за бавното префрлање пред се на компаниите кои го користат оперативниот систем.

Со Windows Blue компанијата ќе овозможи и нова опција Boot to Desktop за корисниците кои не се воодушевени од изгледот на Metro интерфејс, за да се почуствуваат како да користат претходна верзии на оперативниот систем на која што се навикнати. Вградувањето на овие две можности во следната верзија на Windows 8 нема да биде изненадување со оглед на тоа дека токму овие две опции се на врвот на листата на барања на корисниците, вели ZDNet.

Сепак во досегашните варијанти на Blue овие две опции не се додадени, а до конечата верзија планирана за август се очекува да бидат вметнати, иако е можно и Microsoft да се премисли и да ги остави за некоја идна надградба.

3 коментари на “Start копчето ќе се врати во Windows 8.1, ќе му се приклучи и новиот Boot to Desktop

  1. Без старт копчето се навикна за еден час користење на осмицата бидејќи и преку метрото може да се пребарува, али Boot to Desktop би била добра работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии