StarCraft и Brood War станаа бесплатни

По осум години запоставеност од авторите, StarCraft и Brood War не само што добија нова закрпа за модерните системи туку и станаа целосно бесплатни за играње.

PC гејмерите можат да ја симнат играта и проширувањето тука, а Mac гејмерите тука.

Закрпата 1.18 и бесплатните верзии доаѓаат како директен резултат од ветувањето на Blizzard дека ќе ни испорачаат Starcraft: Remastered летово. Имајте предвид дека бесплатните верзии не се римастер, туку добро-познатите класици кои со новата закрпа овозможуваат подобра компатибилност со Windows 7, 8.1 и 10, како и поддршка за UPnP (Universal Plug and Play), како и подобра заштита од мамење при играњето. Згора на ова, alt+enter ве префрлува од играње на целосен екран на засебен прозорец и обратно, а имате на располагање и observer мод, автоматско сочувување на снимени игри, тајмер во играта, подобрен кориснички интерфејс во одредени делови како и поедноставно идно имплементирање на закрпи.

StarCraft: Remastered, меѓутоа, ќе биде целосна графичка надградба на оригиналната игра и последователното проширување. Како таква, играта ќе се одликува со 4К резолуција и меѓу-секвенци во 1080p резолуција. Покрај високиот квалитет на аудиото, студиото ќе имплементира и нови воведи и подлоги помеѓу мисиите кои ќе бидат во форма на стрип. Гејмплот и воспоставениот баланс, меѓутоа, нема да доживеат апсолутно никакви промени и ќе бидат целосно префрлени во римастерот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии