StarCraft 2 War Chest излегува веќе од наредната недела

Во пресрет на StarCraft 2 e-спортот, познатите издавачи Blizzard ќе започнат со продавање War Chest, првенствено за StarCraft 2, но и со неколку изненадувања за останатите нивни игри. 25% од продажбите на војниот ковчег ќе бидат одделени за StarCraft 2 е-спортот, односно првите 200 000 долари ќе бидат додадени на целокупната награда за BlizzCon 2017, која е замислено да изнесува половина милион долари.

Што всушност крие ковчегот?

Според авторите, StarCraft 2 War Chest е замислен како сезонски програм кој им нуди на StarCraft 2 играчите пристап до интересни дигитални содржини кои се движат од уникатни изгледи на единици, преку спрејови, па се до дигитални стрипови. Можете да добиете пристап до една раса за 10 долари, или пак да го купите пакетот со сите три раси,  Terrans, Zerg и Protoss, за 25 долари. Со самата нарачка инстантно добивате еден нов изглед (skin) за единица и портрет, а сета останата содржина мора да се отклучи преку играње на играта. Со оглед на тоа дека војниот ковчег е поделен низ три временски фази, првата фаза започна на 19.јули, втората започнува на 16.август, а последната од 13.септември. Војната фаза целосно завршува на 4.ноември, но сите благодати од ковчегот се безвременски и можете да ги извлечете кога сакате.

Дури и да купите само еден ковчег, автоматски ќе добиете и неколку подароци за другите игри на Blizzard, односно пакет со карти за Hearthstone, ковчег со плен за Heroes of the Storm, Tal’Darim милениче за for Diablo 3.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии