StarCraft 2 ќе биде бесплатна за играње

Од 14.ноември, една од најдобрите стратегии, како во поглед на кампањата, така и во поглед на мултиплеерот, ќе стане бесплатна за играње.

Сите заинтересирани ќе можат да се втурнат во целосната кампања Wings of Liberty. Во случај да ја имате купено оригиналната StarCraft 2, ќе ја добиете Heart of the Swarm кампањата бесплатно, но понудата важи само доколку се логирате во играта од 8.ноември до 8.декември. Што се однесува до мрежното играње, Unranked и Versus AI исто така ќе бидат бесплатни за сите, а модот Ranked ќе може бесплатно да се отклучи со достигнувањето 10 first winds of the day, односно доколку издвоите 10 победи или во Unranked или во Versus AI. Згора на ова, командирите Kerrigan, Raynor и Artanis ви се подаруваат без какви било рестрикции, но сите други командири ќе бидат бесплатни само до петтиот левел.

Знаеме дека бесплатно-за-играње може да значи многу работи за многу игри, но би сакале да ве увериме дека кога велиме StarCraft 2 е бесплатна за играње, навистина го мислиме тоа“, ветуваат од Blizzard.

Во меѓувреме, проширувањата Heart of the Swarm и Legacy of the Void, како и пакетот од мисии Nova Covert Ops ќе се продаваат по 15 долари или комплет од сево ова по цена од 40 долари. Во случај да веќе ги имате купено, ќе добиете подарок во форма на ексклузивен изглед за Ghost, како и три нови портрети.

Blizzard побрза да вети дека тимот зад StarCraft 2 и понатаму ќе продолжи да воведува премиум надградби во форма на нови спикери, изгледи, командири и слично.

1 коментар на “StarCraft 2 ќе биде бесплатна за играње

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии