Starbucks ќе прима нарачки преку мобилна апликација

Посетителите на Starbucks наскоро би можеле своите нарачки да ги прават преку апликација. Ова значи дека корисниците ќе можат да го нарачаат своето кафе уште пред да влезат во продавницата.

За блиска иднина се најавува тест на засега тајна локација, со кој корисниците ќе можат да започнат да ги прават своите нарачки преку апликацијата.

„Не станува за никаков експеримент. Starbucks се подготвува оваа технологија да ја издаде насекаде, без разлика колку време ќе биде потребно“, вели Адам Бротман од Starbucks за Recode.

Во моментов од компанијата прават проценки за тоа колку време и како се лади кафето за да биде со идеална температура кога нарачателот ќе дојде по него. Покрај ова ланецот на продавници за кафе е во преговори со неколку компании кои би овозможиле плаќање на посетителите со помош на Starbucks апликацијата.

Надвор од САД, слична технологијата е веќе достапна во Јужна Кореа, каде корисниците можат да ги креираат, но не и да ги нарачаат своите кафиња преку апликација. Корисниците на вработените во Starbucks својата нарачка им ја покажуваат преку QR-код кој покрај податоците за кафето содржи и податоци од Starbucks Loyalty- картичката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии