Star Wars: The Old Republic ги подарува првите две проширувања

BioWare реши да ги награди сите играчи во ММО играта Star Wars: The Old Republic со првите две експанзии кои излегоа за играта. Па така, доколку го посетите следниот линк, и го внесете кодот REVANSFATE, ќе можете бесплатно да се втурнете во Rise of the Hutt Cartel и Shadow of Revan. На почетокот, моравте да ги купите овие проширувања за да ги играте, а до пред некое време беа вклучени во месечната претплата. Сега, не сте ограничени од таквото нешто и можете да ги играте овие комплексни наративни остварувања кога и како сакате.

Имајте во предвид, меѓутоа, дека промоцијата важи до 2 ноември.

Ваквиот потег се воведува во чест на играта за мобилни Star Wars: Galaxy of Heroes која, од неодамна, воведе неколку ликови од Star Wars RPG Knights of the Old Republic. Па така, во случај да ја играте мобилната игра, на вашиот тим сега можат да ви се приклучат Бастила Шан и Џоли Биндоу. Оние кои ги имаат на седум ѕвездички хероите Бастила, Јоли, T3-M4, Mission Vao, и Залбар, можат да го отклучат и Реван. За повеќе, информирајте се тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии