Star Trek: Bridge Crew излегува во мај заедно со оригиналниот USS Enterprise

Мартин Јованчевски

во гејминг

Star Trek: Bridge Crew е една од најочекуваните виртуелни игри. Развивана од Red Storm Entertainment (Rainbow Six, Ghost Recon, Far Cry 3/4 и The Division), ко-оп играта за четири играчи ви дозволува виртуелно сместување во богатиот Star Trek универзум и заземање улога на капетан, тактички офицер, инженер или пак кормилар. Star Trek: Bridge Crew е сместена во алтернативна реалност на Star Trek филмот од 2009 година и ви дава за задача да управувате со USS Aegis и да најдете нова планета за Вулканците. Во остварување на таа цел, бродот се упатува кон The Trench – територија управувана од Клигонците, а тоа, како што знаете, оди подеднакво добро како сладолед на пица.

Star Trek: Bridge Crew требаше да излезе во ноември претходната година, но се одложи поради желбата за дополнителна изработка и проширување на содржините. Ubisoft, меѓутоа, сметаат дека ќе биде целосно завршено на пролет и дека на 30-ти мај ќе можат да ни ја понудат финалната верзија на играта. Згора на тоа, покрај можноста за управување со USS Aegis креаторите ќе ви дозволат да управувате и со класичниот Enterprise.

„Сметаме дека е од исклучителна важност да вклучиме дел од класичната Star Trek (сезона) со оваа игра, особено за време на 50 годишнината на Star Trek. Оригиналниот USS Enterprise е бродот со кој започна апсолутно сè. Авантурите и односите кои се негуваа на бродот се посебен дел за историјата на Star Trek и ние бевме решени да им ја пружиме можноста на играчите да создадат нивни сопствени авантури и приказни на овој класичен брод.“- објаснува челното лице од Red Storm Entertainment.

Star Trek: Bridge Crew, доколку забележите на Steam, бара HTC Vive сет за виртуелна реалност, но Ubisoft од неодамна се изјасни дека играта ќе подржува и Oculus Rift и PlayStation VR.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии