Стар телевизор 18 месеци беше извор на интернет пречки во село во Британија

Стар телевизор е причина за интернет прекини во селото Аберхосан во Велс. Жителите и провајдерот 18 месеци се обидуваа да ја пронајдат причината за пречки пред да го лоцираат телевизорот, пренесе BBC.

Секое утро во 7 часот сопственикот на телевизорот го вклучувал својот приемник без да знае дека предизвикува пречки во целата широкопојасна инфраструктура.

Мистеријата била толкава што провајдерот го заменил кабелот. Ова не помогна, и сигналот остана со пречки. Поради ова дојдоа со уред за следење на зрачење и наскоро открија дека причина за проблемот е телевизор на еден од жителите. Електричниот шум доаѓал од постар модел на телевизор чии сигнал предизвикувал интерференции и во интернет сообраќајот.

Се покажа дека во 7 секое утро еден од жителите го вклучуваше својот стар телевизор, кој ја нарушуваше работата на интернет во целото село, велат сервисерите.

По откривање на причините за проблемите, сопственикот на проблематичниот уред се согласи да престане да го користи телевизорот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии