Стапува на сила новиот закон за говор на омраза во Германија

Германија започнува да го спроведува новиот, строг закон за говор на омраза. Со спороведување на законот друштвените мрежи кои нема да ги отстранат ваквите коментари и постови, би можеле да платат казна од 50 милиони евра.

Друштвените мрежи имаат 24 часа да го отстранат говорот на омраза, во спротивно ќе бидат казнети. Законот се однесува на друштвени мрежи и медиуми кои имаат над 2 милиони членови, пренесува BBC.

NetzDG  е најавен на средината на 2017, но беше оставен простор за друштвените мрежи да се подготват. Доколку корисниците забележат дека некоја пријава не е процесирана навреме, може да го пријават ова преку форма која е достапна на страницата на Министерството за внатрешни работи на Германија. За дел од посложените пријави друштвените мрежи ќе имаат период од една недела за отстранување.

Законот пред се е насочен кон Facebook, YouTube и Twitter, иако ќе се однесува и на останатите друштвени мрежи.

Една до главните прични за законот е несериозниот однос на најголемата друштвена мрежа кога говорот на омраза е во прашање. Од 49 пријави за говор на омраза, 22 останаа без одговор иако требаше да бидат отстранети, вели ProPublica. „Само мртов муслиман е добар муслиман“, е една од „пораките“ кои друштвената мрежа сметаше дека не треба да бидат отстранети.

„Жал ни е за грешките кои ги правиме, не се одраз на заедницата која сакаме да помогнеме да се изгради“, вели Џастин Ософски од Facebook.

Најголемата друштвена мрежа ќе го удвои бројот на вработени кои ги следат содржините и реагираат на пријавите. Друштвената мрежа веќе брише 66.000 постови, додава г. Ософски.

„Правилата дозволуваат содржина која можеби е помалку невкусна или контроверзна, но не ја преминува границата на говор на омраза. Ова може да вклучува критики на јавни личности, религии, професија и политичка идеологија“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии