Стани дел од мрежата инструктори на Brainster

Brainster

во ИТ.МК

Нашите мрежа на инструктори е составена од 40+ експерти во делот на Програмирање, Дигитален Маркетинг, Дизајн и Дигитална трансформација. Инструкторите ги водат програмите кои Brainster ги организира, со цел да им овозможат на поединците да ги научат вештините кои се потребни за да започнат кариера во дигиталните индустрии но и да им помогнат на компаниите во процесот на дигитална трансформација.

Како дел од нашата мрежа ќе помогнете да ги обучиме и инспирираме идните иноватори и лидери, но исто така ќе ги подобрите вашите лидерски и менаџерски вештини и ќе се приклучите на нашата мисија да го промениме начинот на кој луѓето учат нови вештини.

Аплицирај за да бидеш дел од мрежата на инструктори на Brainster тука.

Зошто да бидеш Brainster инструктор?

  • Push yourself.
    Научи како да им пристапиш на студентите со иновативно размислување и подобри ги твоите лидерски, менаџерски и интерперсонални вештини.
  • Сподели го твоето искуство
    Спореди ги вештините кои си ги научил/а со текот на годините. Помогни да ја произведеме новата генерација на лидери во делот на технологијата, маркетингот, дизајнот и бизнисот.
  • Прошири ја професионалната мрежа
    Поврзи се со најстручните поединци и компании од твојата област. Искористи ја мрежата на Brainster да се промовираш себе си во областа во која си стручен и да изградиш сопствен бренд.
  • Добивај постојана обука
    Надградувај ги твоите вештини и постојано учи нови. Учи од другите експерти и инструктори но и од твоите студенти. На секој наш инструктор бесплатно му се достапни сите курсеви во организација на Brainster.

Колку време ќе ти одземе и дали можеш да си во работен однос на друго место?

Најчесто активностите во Brainster се помеѓу 17.30 и 21:30 часот и инструкторите доаѓаат на предавање после работа.

На кој начин можеш да се приклучиш како инструктор во Brainster?

Имаме различни начини на соработка со инструкторите:

    1. Инструктор на кратките курсеви: 4-10 дена месечно, after office hours, по 2-3 саати на ден. Се предложуваат неколку термини од страна на Brainster и инструкторите ги одбираат термините што им одговараат. Материјалите за курсот се подготвуваат во соработка со тимот на Brainster.
    2. Инструктори на академиите: обработува одреден модул во рамки на Академијата, на пример SEO или JavaScript и ја предава на неколку групи на студенти во месецот.  Помеѓу 5-20 попладневни предавања во текот на еден месец. Материјалите, презентациите и задачите се изработени од Brainster.
    3. POP UP курсеви: Работилница која трае 4 часа и се одржува најчесто во понеделниците. Се обработуваат конкретни теми кои ги предложуваат инструкторите, како на пример Growth Hacking, FinTech, Пивот табели во Excel, вовед во ReactJS итн.
    4. Full Time инструктор во Brainster: Стани дел од тимот на Brainster. Вработи се со полно или пола работно време, покрај предавањата ќе бидеш вклучен во проектите на Brainster.

Колку заработуваат инструкторите?

Саатницата за предавање во Brainster изнесува 20+ евра од 1 час. Во просек Part Time инструкторите заработуваат помеѓу 500 и 1000 евра месечно.

На кои теми можеш да предаваш како инструктор?

Главни области во кои Brainster е лидер се програмирање, дигитален маркетинг, дизајн и дигитална трансформација. Тоа значи дека можеш да покриеш било која од темите, вештините и алатките кои припаѓаат на наведените области. Сепак, остануваме отворени и за предлози надвор од овие области, кои можеш да ги предложиш во формуларот за апликација.

Каков е процесот за прием на нови инструктори?

Чекор 1: Пристапи
Пријави се за инструктор во Brainster и наведи кои теми би можел да ги покриеш. Штом се отвори можност која ќе одговара на твоите интереси и способности, ние ќе те контактираме за средба.

Чекор 2: Покажи
Откако ќе оствариме средба, ќе договориме и термин за пробно предвање пред нашите вработени.

Чекор 3: Подготовка
Откако ќе бидеш ангажиран, ние ќе ти обезбедиме наставни материјали за програмата, ќе те воведеме во системот на Brainster и ќе се погрижиме да ги имаш сите услови за успешно предавање.

Чекор 4: Инспирирај
Почни да одржуваш курсеви, направи импакт, заработи и стани официјален член на нашата мрежа.

Сподели го со нас твојот интерес и твоите способности во формуларот на овој линк и очекувај го нашиот повик!

 

НАПОМЕНА: Увид во апликациите ќе има единствено менаџментот на Brainster и истите ќе бидат третирани доверливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии