Misery Mod доби „badass“ интро снимано во Скопје и Велес

Интрото на новиот Misery Mod 2.1, кое некои фанови го оценија како „badass“, е снимано во Скопје и Велес, но кога ќе го погледнете нема да ги видите спомениците, ниту некој препознатлив дел бидејќи неговата намена е да ве воведе во постапокалиптичниот свет на играта. Misery Mod на кратко е игра направена од друга игра, во овој случај со модифицирање на оригиналната Stalker, која е игра за преживување во свет на мутанти и нуклеарни катастрофи. Иако Stalker е тешка игра, модовите, кои стануваат се попопуларни, се уште потешки бидејќи се креирани од хардкор играчите за хардкор играчите.

„Ја изменуваме играта од секој аспект: текстури, звук, музика, UI, приказни, модели, оружја, гејмплеј, вештачка интелигенција. И сите тие аспекти тежнеат да го направат искуството понепријатно, идеја која е во тотална спротивност на тоа што се прави сега со игрите. Кога ќе надминеш препрека во Misery тоа е навистина огромно задоволство, нешто кое го споделуваш меѓу пријатели, или го ставаат искуството на Youtube.“, вели Дамјан Цветков-Димитров, кој е дел од тимот зад Misery. „Секоја минута преживеана во Misery е успех. Многу критики добивме дека играта е претешка, но тоа буквално ни беше целта, да изградиме немилосрден свет каде што секое невнимание, пропуст или несмасност е тешко казнет.“

[youtube]5lxqQO_u3rM[/youtube]

Улогата на Дамјан, кој е креатор и на иновативна iOS апликација UUUU, во Misery започнува како видео монтажер, а подоцна работи на одличните и застрашувачките звучни ефекти и екстра дијалогот. Звуците ги снима насекаде низ Скопје, со малку снаодливост користејќи предмети од дома, кои потоа во пост продукција ги променува за да звучат пореалистично. Што се однесува до приказните, тој има напишано 22.000 зборови во приказни и гласови за играта.

„Секој пат кога ќе прашаш што има ново во зоната, тоа е мој материјал“.

Интересно, целата соработка која ја има Дамјан со Misery беше започната откако „збеснал“ кога ја видел идејата за играта. Целата работа ја прави од задоволство за да ја усоврши играта која веќе станува популарна на Steam, каде последните три вести наместо за Stalker се за Misery модот, но и бидејќи сака преку работата на модот да влезе во светот на создавање видео игри. Најдобар пример за тоа е Day Z модот кој е создаден од еден програмер, а кој денес е самостојна игра со над 1,7 милиони фанови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии