Српскиот дневен весник Блиц денеска слави 17 години од своето основање, по овој повод редакцијата денешното издание на весникот ќе го издаде во 3Д-формат. 3Д-изданието доаѓа на 56 колор страни и специјални очила со кои читателите ќе можат да гледаат 3Д визуелизации и слики.
„Се започнува со пронаѓање на адекватни објекти и агли за фотографирање како би можела илузијата да биде што е можно подобра. Нашите експерти поставија два фотоапарати на посебни држачи и истовремено фотографираа ист објект или личност. Потребно е истовремено да се определат далечината, осветлувањето и острината, а единствена разлика во овие фотографии е аголот. Фотоапаратите при ова фотографирање се оддалечени десеттина сантиметри.“ – велат од Блиц.
Очекувано читателите се воодушевени од овој новитет кој за прв пат доаѓа кај весниците во Србија. Ова нема да биде крај на 3Д-содржините, во следните 12 броеви на весникот, од 17 до 29 септември ќе доаѓа 3Д серијалот „Динологија“.