Српскиот стартап WorkPlus доби инвестиција од South Central Ventures

South Central Ventures инвестираше во белградскиот стартап, кој сака да ве направи попродуктивни, WorkPlus. Овој пат SC Ventures е во улога на ко-инвеститор во соработка со StartLabs.

„WorkPlus се обидува да го надмине можеби најголемиот проблем кој го имаат компаниите, евидентрирање и слeдење на времето на вработените. Соодветното менаџирање со времето е клучно за напредокот на компанијата. Задачите на вработениот мора да се соодветни на нивните вештини и на времето со кое располагаат.“, објаснува SC Ventures во соопштението.

Засега нема податоци за висината на инвестицијата, но далеку поважно, има податоци за што ќе бидат наменети овие средства. Средствата ќе помогнат со дополнително проширување на тимот, но и за глобално проширување на компанијата. Основач на WorkPlus е 24 годишниот Иван Петровиќ, кој иако е млад, има огромно искуство со софтверски проекти.

monitoring-step-1

„Навистина ни е драго што заедно со StarLabs влеговме во оваа инвестиција. Веруваме во определбата и посветеноста која Иван (основачот на стартапот) ја носи, и со нетрпение ја очекуваме експанзијата на WorkPlus.“, додаваат од South Central Venture

1 коментар на “Српскиот стартап WorkPlus доби инвестиција од South Central Ventures

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии