Српскиот стартап Folkk успешно ја заврши својата KickStarter-кампања

Image courtesy of Flokk / Kickstarter

Првиот проект на српскиот дизајнерски стартап Нова Искра успешно ја заврши својата KickStarter-кампања. Идејата ја поддржаа 177 корисници кои инвестираа вкупна сума од 20.983 долари.

Идејата зад Flokk е да биде своевиден регионален Etsy. Стартапот има неколку занаетчии со кои соработува, но се надеваат дека во иднина ќе продолжат да го шират овој тим.

Дизајнерите се надеваат дека ќе успеат да им помогнат на занаетчиите со поголема глобална видливост, но и со нов изглед кој сега е поинтересен за купувачите. Ова секако ќе им помогне на локалните производители и занаетчии и со продажбата.

Image courtesy of Folkk / Kickstarter

Folkk пред се е платформа која треба да ги поврзе старите традиционални занаетчии со новите и современи дизајнери, производители и платформи. За да се спаси традиционалното занаетчиство, дизајнери им помагаат во креираењето на производи кои се интересни на пазарот денес. Првите производи се неколку дрвени послужавници, помали чергички и волнени перничиња.

Поддршката за проектот значи дека Folkk ќе се прошири на целиот регион. Сепак најголем дел од средствата, 2/3 одат кај занаетчиите кои ќе ги изработат овие производи.

Image: Flokk / Kickstarter

„Им благодариме на сите прекрасни луѓе за укажаната доверба во мисијата на Folkk! Ова е доказ дека луѓето ја разбираат нашата визија и дека постои иднина за социјално претприемништво на Балканот“.

Во следниот период започнува креирањето на првите првите производи и нивната испорака до Kickstarter поддржувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии