Инвестицискиот фонд South Central Ventures кој има канцеларии и во Скопје, објави дека инвестираа 700.000 евра во српскиот стартап, City Expert, за кој веруваат дека ќе го раздвижи пазарот на недвижности.

City Expert има сервис преку кој ќе се изнајмува и купува на станови и куќи без провизија. Компанијата првично планираше заработката од корисниците да ја инвестира во понатамошен развој, но за една година привлекоа 35.000 клиенти и 900.000 посетители на вебсајтот, па интересот на инвеститорите не е изненадување. City Expert е основан во 2015 од шест млади претприемачи: Игор Јовиќ, Милан Тодоровиќ, Стефан Сојановиќ, Борис Прпиќ, Дарко Луковиќ и Дарко Крсмановиќ.

„Компанијата започна и сè уште е во оваа категорија. Без разлика на успехот кој го постигнаа за помалку од две години. Нашиот фокус останува развојот на нови технологии, кои ќе го олеснат издавањето и продавањето на недвижности, но и на ширење во нови светски метрополи“, вели Игор Јовиќ, ко-основач на City Expert.

South Central Ventures е фонд за иновации „тежок“ 40 милиони евра, чија определба се инвестиции во балкански стартапи, мали и средни технички компании. Фондот е присутен нешто повеќе од една година во Загреб, Белград и Скопје. Ова им е втора инвестиција, по инвестирање на 300.000 евра во новосадскиот Drytools.

1 коментар на “Српскиот стартап City Expert инкасира 700.000 евра од South Central Ventures

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии