Српскиот Nordeus е пофален од Google Play тимот како Top Developer

Креаторите на супер популарната игра Top Eleven, Nordeus, можат да се пофалат дека се меѓу најдобрите развивачи за апликации за Android. Титулата е голема пофалба за српскиот стартап, бидејќи ја добиваат само креаторите на најдобрите апликации кои се посветени на иновации и квалитетни производи за Google Play.

Со ова српскиот Nordeus е во ранг на Rovio и Android одделот на Ubisoft, најголемо значење на беџот е што им покажува на корисниците дека станува збор за квалитетна компанија. Ова можеби е уште подобро прикажано од високата оценка која на Top Eleven и ја даваат корисниците со просек од 4,5 од дури 650.000 гласови, а играта е инсталирана на Android над 10 милиони пати.

„Google Top Developer титулата за нас претставува уште една од многуте потврди дека тоа што го работиме е на вистински начин. Посветено, квалитетно и со многу внимание. Баш како и се досега, не брзаме, добро ги проценуваме предизвиците и полека ги подготвуваме сите производи, нивните можности и опции, како би можеле на своите играчи да им понудиме најоптимално играчко искуство, Google Top Developer е уште еден печат кој вели дека ова е исправниот начин“, изјави Милан Џукиќ за Netokracija.

[youtube]QpTrNO9BRLc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии