Српскиот форум Burek надмина еден милион членови

Интересно, Burek уште од 2005 година е достапен и преку мобилните телефони. А од пред година дена имаат додадено неколку проекти, како Conquiztador, најголем квиз за знаење во Србја, магазин за автомобили Totalcar.rs и VelikiKuvar.com онлајн магазин за исхрана.

Како за споредба, најпопуларниот македонски форум Бадијала има над 42.000 членови, следен од Кајгана со над 34.000 членови. Во Хрватскиот, пак, forum.hr, за кој претпоставувам дека е најкористен таму, има 228.000 илјади, што е четири пати помалку од српскиот Burek.

Секако, како и кај секој форум може да има преклопување на членства, не активни членови итн, но и покрај тоа еден милион членови е неверојатна бројка. Честитки до Burek.rs!

ugostio 1.000.000-tog clana – http://bit.ly/eSiChF – Hvala svima!Sun Dec 26 19:23:31 via web

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии