Српски суд изрече казна затвор за закани на Facebook

Врховниот суд во Белград одреди казна затвор од 3 месеца и две години условна казна поради закани на групата „500.000 срби против геј парадата”, пренесува Blic.rs. Ваква казна е преседан во српското судство, а и на Балканот каде досега никој нема реагирано толку остро во однос на агресивни онлајн активности на Facebook и други друштвени сервиси, меѓу кои би го истакнале и YouTube каде дури и се повикува на геноцид.

Кога ќе се земе во предвид колку профили во Македонија изразувале директни намери за агресија насочени кон малцинства, хомосексуалната заедница или спортски тимови, оваа пресуда треба да претставува чекор поблиску кон разбирање на комуникации на друштвените мрежи исто толку сериозно како и физичките. Системот на Facebook за пријавување на агресивни информации полни со омраза и насилство не е најоптимален затоа што сеуште бара подолго време да се регистрира пријавата, иако опцијата за пријавување на овие активности постои неколку години.

Сепак, кога и да забележите говор на омраза, можете да притиснете на горното десно ќоше на пораката, и да кликнете Report/Mark as Spam, а потоа да детализирате за каков вид на прекршок се работи со тоа што ќе стиснете на Report. Што повеќе луѓе пријават групи на насилство и агресија, толку побрзо Facebook би требало да реагираат.

2 коментари на “Српски суд изрече казна затвор за закани на Facebook

  1. Насловот вика навреди, а текстот вика закани. Треба да се расчисти, оти има голема разлика.

    Би било преседан за навреди било каде. Но за закани, односно за спремање заговор за подготовка на злосторство, не е чудно да интервенира државата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии