Српски сервис цели да го освои глобалниот биткоин пазар

Забранета или не, дигиталната валута биткоин станува сѐ попопуларна во Србија. Но, законот во Србија не ги препознава крипто-валутите како платежно средство што претставува предизвик за новата српска берза Bitcoin365, која ќе се обиде да го освои глобалниот пазар. „Развивме глобална платформа која ги спојува купувачите и продавачите на биткоини,“ велат Александар Матановиќ и Младен Мердовиќ, основачите на Bitcoin365, за Netokracija.

Платформата овозможува peer-to-peer трансакција, додека сервисот единствено ја задржува валутата да не биде потрошена пред да биде извршена трансакцијата. Засега купувањето на крипто-валутата е единствено преку Western Union и Moneygram, иако се најавуваат нови можности за купување. Paypal и платежни картички нема да бидат меѓу нив, бидејќи крипто валутите не овозможуваат „chargeback“. Во промотивниот период платформата нема да задржува процент од продажбата, иако за иднина токму ова е начинот на кој Bitcoin365 ќе монетизира.

Неодамна во Србија започна да функционира и неформалната биткоин асоцијација, чија цел е да се информираат и едуцираат граѓаните за крипто-валутата и нејзиниот потенцијал. Иако претприемачите и љубителите на технологијата, релативно брзо ја прифатија дигиталната валута, власта и законодавците сè уште не дозволуваат плаќање со неа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии