Српски програмер oтвори нов пиратски фронт со Popcorn Time за прелистувач

Надополнување: Доменот веќе е изгасен од Мotion Pictures Association of America.

mpaa-browser-popcorn


Првичниот текст: Живеам во земја во која законите за авторски права се скоро непостоечки, и мене едноставно не ми е гајле, вели српскиот програмер Милан Крагујевиќ кој на ProjectHunt објави нова верзија на контроверзниот стриминг софтвер PopCorn. „Ќе продолжам да го преместувам сајтот, променувајќи го доменот и провајдерите… не сакам да заработам од ова. Го работам бидејќи верувам дека пиратеријата евентуално ќе го пукне балонот на стриминг сервисите и филмските студија наскоро ќе го сфатат тоа“

Неговиот став е ехо на филозофијата на основачот на Popcorn Time, Федерико Абад, вели Verge. Како многу пирати г. Абад верува дека цените и ограничување на достапноста на содржините ги принудува луѓето да пиратираат, и сѐ што треба да направат издавачите е да ги намалат цените и да понудат глобални премиери. И српскиот програмер Крагујевиќ, за кој Verge тврди дека има само 15 години!, се согласува дека единствена причина зошто луѓето пиратираат, е бидејќи немаат пристап до содржина, ниту можност да платат за неа.

popcorntimebrowser

Moра да му се аплаудира за храброста на српскиот програмер да објави нова верзија на контроверзниот пиратски софтвер. Наместо да направи копија на десктоп или Android апликација, г. Крагујевиќ објави верзија за прелистувач која може да се најде на browsepopcorn.xyz. Иако сервисот во моментов е преспор, не успеавме да стримаме филм, сепак во теорија би требало да стримате пиратски филм за само неколку секунди, без да се логирате, симнувате софтвер или да го симнувате торентот на вашиот компјутер.

Прашање на време е кога студијата и нивните авторски агенции ќе реагираат против новата верзија на Popcorn Time. Студијата се закануваат со тужби против Popcorn Time уште кога беше стартуван сервисот во март 2014-та година. Оригиналната верзија, која беше именувама како „Netflix за пирати“, беше изгасена само месец откако дознавме дека постои. Но, секојпат кога имаше ново гасење на верзија на Popcorn Time, изникнуваше на некој нов домен и како нова бидејќи изворниот код на сервисот е јавен. Сега опстојуваат неколку верзии од кои popcrontime.io беше пофалена и од оригиналните автори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии