Српската Top Eleven има еден милион активни играчи дневно, објави 2.0 и Android верзија

Најпопуларната фудбалска игра на Facebook, Тоp Еleven Football Manager на српското студио Nordeus стигна до уште еден неверојатен успех – 1 милион активни играчи дневно!

Nordeus само пред еден месец објави дека Top Eleven надмина над 4 милиони играчи месечно, што ја прави друштвената игра попопуларна од Fifa Superstars. Тоp Eleven Football Manager е стартувана пред само година дена и е симулација на менаџирање на фудбалски тим каде играчите можат да водат тимови, да одбираат почетен состав, да ги водат финансиите, купуваат играчи…

Од неодамна Top Eleven има и нова 2.0 верзија која е со комплетно променет дизајн, подобрен перформанс, нови опции за тренИнг, подобри финансии и други детали. Тоp Eleven сега има и Android верзија која ги има сличните опции како и таа на Facebook, a од Nordeus најавуваат дека можеби наскоро ќе видиме и апликација за iOS.

[youtube]Yg-DoBuhD7Q[/youtube]

[youtube]a9NWz1Ty-qE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии