Српската игра Mindy им помага на децата со хиперактивно нарушување

Mindy е видеоигра која треба да им помогне на децата кои имаат проблемите со концентрацијата. Играта е дело на iOS девелоперот Стефан Бранковиќ и психолог од Шведска, Нана Шпец. Видеоиграта треба да им помогне на децата кои имаат проблем со ADHD нарушување.

Mindy е наменета за деца од 7 до 14 години. Во текот на играњето тие следејќи мапа се префрлаат од една на друга локација и завршуваат задачи кои се потскриени за да бидат дел од мисијата на играта. Во текот на играњето децата не само што се рекреираат, туку разввиаат и когнитивни функции, концентрација, подобрена меморија и развој на способностите за решавање на проблеми, вели Netokracija.

Играта креира своевиден нов свет врз веќе постоечкиот. На почетокот на играта, играчите ја добиваат првата трага. По стигнување на локацијата треба да ја решат загатката за да продолжат со играњето.

Со оглед на тоа дека станува збор за содржина која е интересна за децата, задржувањето на вниманието на проблемите е полесно. Играта може да се игра на било која локација во Европа и САД, но и пошироко. Единствен услов е да постои google-мапа за локацијата. Во моментов Mindy е во тест фаза во 6 града.

За жал засега апликацијата е достапна единствено за iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии