Подолу е листа на настани и вести кои се случија во текот на 2010-та, не сите, секако, туку тие што привлекоа големо внимание и евентуално сменија доста работи, за добро или зло.

Јануари :

Годината започна со претставувањето Аpple iPаd. Од тука концептот за преносливи компјутери се смени комплетно, Стив Џобс подоцна ќе биде прогласен од Financial Times како визионер на годината, Аpple ќе продаде над 3 милиони iPad-и и ќе предизвика таблет револуција.

Од другите поинтересни настани во јануари можат да се издвојат моментот кога Марко Чаласан стана најмлад Microsoft администратор, твитерџиите стартуваа #umoevreme меме, Кина го хакна Google, го имавме првиот твит од Вселената, видовме дека друштвените мрежи можат да помогнат како што помогнаа по земјотресот во Хаити, а и дознавме дека од балканските земји Facebook е најпопуларен во Македонија.

Февруари :

Најголема галама се дигна околу Google Buzz, веб сервис кој требаше да биде конкуренција на Twitter, за на крај да се претвори во уште едно промашување на Google кога се работи за друштвени сервиси, и да остане како дел од Gmail.

Се одржа Светкиот мобилен конгрес во Барселона каде првпат се претставија МееGo и Windowns Phone 7, Facebook започна со воведување опции за приватност за да дозволи поголема корисничка контрола и Чак Норис ги нападна модемите.

Март :

Се случија неколку интересни .мк настани поврзани со граѓанското новинарство во Македонија, како формирањето на Facebook група каде блогерот Јане Ѓорѓиески – Рибаро ги повика луѓето да праќаат слики од како изгледа Македонија сега критикувајќи го „Македонија 2014“ видеото, до аматерски снимки кои снимија хулигански тепачки на плоштадот и дискусија за влијанието на блогот, како примерот на Василка Димитровска која привлече внимание откривајќи дека мобилните оператори уништувале културно наследство. Сите настани покажаа дека друштвените мрежи и веб алатките се одлична алатка со која секој граѓанин ќе може да сподели квалитетна информација и мисење.

Mоже да ги одвоиме 25-тиот роденден на .com доменот, кој денес е наставка над 80 милиони домени, стартувањето на веб играта Mafia.mk. Го имавме бугарскиот инцидент со Farmville, Facebook конечно им се налути на нефункционалните и глупави „кој ти го гледа профилот“ апликации, Репортери без граници објавија извештај за најлошите земји за блогирање, македонската агенција за домени МАРНет, која е прогласена за #mkfail на годината на ИТ наградите, во март одеднаж доби лавина oд критики, и А1 беше исмеана заради негрижата дека на Twitter некој се претставува како неа и шири лоши информации, што покажа дека мора брендот да биде присутен на друштвените мрежи.

Aприл :

Се одржа F8 конференцијата каде Facebook го претстави Open Graph и го смени Become a Fan со Like. Денес Like копчето е на секаде, над 100 милиони сајтови ги користат друштвените опции на Facebook.

IT.com.mk стартуваше нов дизајн, Аpple го претстави iPhone 4.0 оперативниот систем, подоцна преименуван во iOS, Стив Џобс се скара со Adobe заради HTML5, а Wikileaks го објави „Kолатералното убиство“, видеото кое ги најави сите други изливи на доверливи документи од американските војни.

Стартуваше и првата продавница за апликации со проширена реалност, твитаа крави со помош на RFID таг, МВР овозможи плаќање на таксена марка преку SMS, а македонските твитерџии први информираа за ограбена банка.

Maj :

После големите промени во дизајнот, Open Graph и Like виџетите, Facebook се најде во тесно и мораше да објаснува за приватноста, а Закерберг се извини за грешките.

Google ja одржа I/O конференцијата, каде го претсстави Google TV, Chrome Web Store i Wave. Тwitter реагираше на израелскиот напад врз флотилата која одеше накај Газа, Европа објави Дигитална агенда за наредниве 5 години, Оpera го исмеа Chrome, Google го погоди победникот пред да се одржи Eвровизија, a англискиот на Ѓоко Таневски стана хит на друштвените мрежи.

Стартуваше и Vip Android предизвик, а Wikipedia на македонски објави дека има над 40.000 текстови.

Jуни :

Убедливо најважниот настан беше Светското фудбалско првенство во Јужна Африка и незгодните вувузели.

Пристигна iPhone 4, стартуваше 140.мк, Беше претставен и Microsoft Office 2010 заедно со веб базираните апликации, се објави трејлерот за Facebook филмот.

Јули :

Wikileaks го објави „Авганистанскито дневник“ кој содржи куп доверливи документи од војната, а основачот на сајтот, Џулијан Асанж се појави на TED каде објасни зошто на светот му е потребен неговиот сајт.

Проблемите со Facebook приватноста продолжија со објавување на податоци за 100 милиони Facebook корисници, Тwitter започна да сугерира пријатели, YouTube го зголеми лимитот на закачените видеа на 15 минути, продажбите на Old Spice се дуплираа заради виралната кампања, Windows Phone 7 доби позитивни критики, и TEDxSkopje ја доби својата лиценца.

Aвгуст :

Конечно, по 12 години чекање, се објави вториот дел од популарната игра Starcraft и за само 48 часа стана најбрзо продаваната стратегија на сите времиња.

One стартуваше свој Android натпревар, се одржаа квалификациите за WCG во Counter-Strike, и новинарка на Време се посрамоти со глупав текст. Wired го објави дека „Вебот е мртов. Да живее Вебот“, Google Wave не успеа, но Google го купи Like.com, Twitter објави копче за споделување.

Септември :

Мобилната апликација Поправи.мк победи на Vip Android предизвикот, a во меѓувреме магазинот Глобус објави листа на највлијателните ИT личности во Македонија.

Google го претставу инстант пребарувањето, Diaspora излезе на виделина, Пазар3 најави дека ќе наплаќа за огласи, МВР oвозможи анонимно пријавување полицаец преку интернет, a Аpple ја стартуваше музичката мрежа Ping.

Oктомври :

Се одржа TEDxSkopje и Wikileaks го објави „Ирачкиот дневник“, второто големо објавување на скоро 400.000 документи од војанта во Ирак.

Zynga со друштвените игри вреди повеќе oд Electronic Arts, стартуваа Google Places и ги видовме автоматски автомобили на Google, Kина го доби најмоќниот суперкомјутер, Android доби над 100.000 апликации, твитерџиите први го приметуваа земјотресот и Дневник се посрамоти, па се извини што му поверува на Onion.

Ноември :

Wikileaks ги објави доверливите дипломатски извештаи, по што следуваа DDoS напади врз сајтот.

Македонија доби четврт мобилен и виртуелен оператор, се случи и А1 опсадата, а ние ги следевме реакциите по друштвените мрежи. Google претстави инстант прегледување страни од резултатите, Facebook го изигра Google, a ЕУ побара можност да ве снема на интернет.

Декември :

Wikileaks и cablegate останаа важна тема за дискусија, сајтот на Wikileaks беше изгасен, VISA, Mastercard и други не сакаа да соработуваат со сајтот, по што беа нападнати со DDoS напад, а основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж заврши во затвор заради силување, по што беше ослободен со кауција. Исто така, МАРНет одби да го регистрира wikileaks.mk.

Се одржаа ИТ наградите, мобилните апликации Virtuelno SK и MyBudgеt победија на One Android натпреварот, а твитерџија повторно беше единствениот кој информираше за опсадата на Бит-пазар. Се претстави и Националната политика за слободен софтвер.

Основачот на Facebook, Марк Закерберг беше прогласен за личност на годината од Time, а директорот на Apple, Стив Џобс за личност на годината од Financial Times, a Google го претстави Chrome OS.

FLASH: WikiLeaks spokesman says arrest of Assange does not change plans for release of more documentsTue Dec 07 11:20:40 via web

За крај, Среќна нова 2011 година. Ви благодариме на сите поединечно за поддршката и критиките во текот на изминатава годината кои не мотивираат да продолжиме понатаму. Tnx и честитки од IT.com.mk тимот:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии